Блекаут

25 December 2008

Спотот за Македонија на ЦНН, објавен под Криејтив комонс

За мене е исклучително важно што дигиталните верзии од новиот видео-спот за промоција на Македонија се објавени под лиценца од Криејтив комонс.

Мислам (исправете ме ако грешам) дека е тоа прв пат во светот една ваква работа на државно ниво да се објавува на интернет на ваков начин. А веројатно е и првпат еден режисер на такво ниво, со портфолио во кое стои и номинација за Оскар, да даде свое дело вака.

Овој аспект беше споменат и на Археолошки дневник, а на Комуникации се зборува за аспектите на социјално вмрежување и оптимизација за машини за пребарување.

No comments: