Блекаут

22 December 2008

Советот за радиодифузија и воспитувањето на децата

Штета што на веб-сајтот на Советот на радиодифузија не може да се најдат нивните спотови кои деновиве се вртат по македонските телевизии, а не можев да ги најдам ниту на Ју тјуб.

Интересно е да се спореди рекламата со мало девојче што игра на шипка со редовната програма на македонските телевизии, на пример со спотот на Лана Јурчевиќ кој можеше да се види веднаш по вестите на Сител во недела навечер.

Дали ова значи дека ќе почнат да ставаат ознаки на сите емисии во кои има турбофолк или „Балкан експрес“ музика дека се „само за над 18 години“ и ќе наметнат забрана за нивно емитување само во доцните ноќни часови?

No comments: