Блекаут

21 February 2009

Сојот Андромеда

Преку Дигимак забележав дека има значително зголемена посетеност на мојот блог за научна фантастика, поради тоа што Дејли грејл објавил линк до еден пост. Го имав занемарено тој блог, ама ова ми беше добредојден поттик да го реактивирам со поврзување на неодамнешните вселенски инциденти и познатиот научно-фантастичен роман „Сојот Андромеда“ (The Andromeda Strain).

Колку што знам книгата не е преведена на македонски. Ми стана интересно тоа што англискиот збор „strain“ кој може да има повеќе значења, како дел од името на книгата, во вестите за авторот Мајкл Крајтон, кој почина неодамна, во македонските медиуми е преведен на многу начини, сите погрешни.
Ова е класичен пример дека преведувачот не е само човек кој има при рака речник, туку треба да има широки, па и специјалистички познавања за тоа што го преведува. Ако се прочита книгата, ќе се разбере дека името се однесува на „сој, лоза“, оти се работи за вид на микроорганизми кој го добива тоа име додека траат истражувањата врз него.

3 comments:

Anonymous said...

Во изданбие на Кантаур во почетокот на 80-тите има издание на српско-хрватски “Андромедин сој“.

Anonymous said...

Печатна грешка. Треба Кентаур.

Anonymous said...

Добро што некои се воздржале од превод, па Андромеда не се појавила во некакви физиолошки конотации :-)

(јас отсекогаш сум си го преведувал како нишка, не ми текнало на сој - фала за апдејтот :-)