Блекаут

25 May 2009

Новиот вирус на Фејсбук и како да се заштитите

Деновиве повеќе корисници на Фејсбук, меѓу кои и јас, почнаа да добиваат пораки од пријатели кои се всушност пратени од вирус.

Таквите пораки имаат линк што води до страница што изгледа исто како од Фејсбук и ви бара повторно да се логирате - со тоа ви го краде логинот и пасвордот на ФБ и потоа препраќа пораки со такви реклами.

Затоа, ако преку некој линк сте стигнале до страница што личи на Фејсбук, а веќе се имате логирано на Фејсбукот од претходно - не го впишувајте логинот и лозинката.

Јас на пример добив вакви пораки со покани за сајтови со белгиска адреса, ама напишани така што да се посетат треба рачно да се впишат, без точки и хттп напред, на пример wwww ime be.

Ако се сомневате дека сте го фатиле вирусов, веднаш исклучете го целосно разгледувачот и сите прозорци, потоа логирајте се на основната страница на Фејсбук (www.facebook.com) и променете си ја лозинката.

Напис за вирусов на хрватски Индекс:

1 comment:

Дамјан said...

Најдобро решение:

СЕКОГАШ пишувај го password-от само на страна која е https ... како што е https://www.facebook.com/login.php

така знаеш на која страна го пишуваш password-от