Блекаут

30 October 2008

Како нè признава Кенија?

Во сите муабети во врска со американските претседателски избори и судбината на Македонија по нив, еден податок ми недостасува:

  • Под кое име нè  има признаено Кенија?

Нели Барак Обама е по потекло од таа земја, во која живее и баба му по татко, кој е починат.

Дали ставот на (како што велат во дијаспората) „стари крај“ ќе влијае на неговата надворешна политика не знам, но навистина е штета што списокот на земји што ја признале Македонија под уставно име Министерството за надворешни работи го има прогласено за класифицирана информација, па не е достапен за јавноста ниту со примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Таквата долгогодишна пракса на нетранспарентност оневозможува и да им заблагодариме на пријателите, ама можеби причината за тоа е да им се отежни работата на грчките дипломати кои одат по светот директно да ги промовираат своите интереси при букирањето летови.

25 October 2008

Страв од сиромаштија

Поттикнат од очекуваните последици на тековната светска економска криза, Џон Долан на Егзајл објави „Упатство за нови сиромаси“ (Tips for New Paupers).

Еве и линк до постар есеј под наслов „Што е сиромаштија?“ од Џо Гудвин Паркер, исто така врз основа на американско искуство.

Обата текста се особено корисни за сваќањето на неколку работи - дека сиромаштијата не е божја казна за мрза и дека во такви околности може секој да упадне, а и за подигање на емпатија за луѓето во такви услови, услови кои многу влијаат на личноста и однесувањето.

23 October 2008

Автоцензура на Саут Парк за Франција

Ако сакате да гледате цели епизоди од официјалниот веб-сајт на Саут Парк во Франција, наместо флеш-плеер во поп-ап прозорчето се појавува следното известување:


Не пишува зошто е применета автоцензура во однос на посетителите од доменот .fr. 
Линкот за клипови на француски води кон сајт на МТВ.

Забелешка: достапноста на епизодите на времето ја најави Калина.

Шутинг вор

Шутинг ворПариз, 23.11.08 - Денес во книжарница видов француско печатено издание на стрипот „Шутинг вор“ (Shooting War). Го имав подзаборавено, а за него првобитно дознав од Вајерд пред две години. Името е игра на зборови од англискиот јазик и може да се преведе како војна со пукање и/или снимање.

Стрипот комбинира политика, научна фантастика и анализа на медиумите. Успешно.

Наградно прашање: Зошто досега се нема појавено македонски веб-стрип?

21 October 2008

Париз: Улични протести против кратење на буџетот за образование

Во неделата низ париските улици се одржаа протести против одлуките на Владата на Р. Франција да се скратат средства за образование, а истовремено Владата дава пари од буџетот за банки под изговор дека се помага во средување на финансиската криза.

 На настанот учествуваа разни политички партии, синдикати и други главно левичарски групи. Интересно ми беше што составот на учесници беше многу разновиден и по пол и по возраст, а се обидов да ги документирав разните техники на ширење на пораки со ова мало видео:

 Меѓу другото, текстови од песните што се пееја и слоганите беа делени на учесниците, имаше и групи од барабанџии (купечки и направени од канти), а најинтересна и ефективна форма на транспаренти ми беа балоните. Од логистика, имаше и комбиња што продаваа сендвичи на учесниците, како и друга логистика. Маршот траеше со километри, низ повеќе главни булевари на Париз.


Всушност, најефективно изразно средство достапно на индивидуален човек ми се чини дека беа ѕвонците за крави, како овие на сликата. Се слушаат ептен далеку и гласно. 

08 October 2008

Слобода наместо страв (Freedom Not Fear) на 10 и 11 октомври

freedomnotfear_logo На 11 октомври, 2008 г. ќе се одбележи Меѓународниот ден на дејствување за демократија, слободен говор, човекови права, граѓански слободи; против цензура, масовен надзор, масовно задржување на податоци.

Меѓународниот ден на дејствување „Слобода наместо страв“ ќе се одбележи во сите европски главни градови и градови од целиот свет, како протест против целосното задржување на телекомуникациските податоци и против другите инструменти за надзор.

Сакаме да се потсетиме на историското достигнување на граѓанските права и слободите како наследство од Периодот на просветителството и да ја зајакнеме довербата во безбедноста на нашето слободно општество.

Македонија (под уставно име - прим. Ф.С.) се придружува на оваа меѓународна акција преку активности кои ќе се одржат во Скопје на 10 и 11 октомври;


Во тек на првиот настан (петок) реномирани правни и други експерти ќе одржат јавна дискусија, паралелно со активностите за дистрибуирање информации на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во текот на вториот настан (сабота) ќе се врши дистрибуција на летоци и постери, како и извадоци од Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија. Ќе биде поставен штанд на кој граѓаните ќе може да добијат повеќе информации и ќе имаат можност да снимат изјави за нивното мислење за надзорот, што потоа ќе бидат објавени на интернет.

Акцијата ќе се организира во центарот на главниот град од страна на Фондацијата Метаморфозис, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Форумот на студенти на европско новинарство, Фондацијата Институт Отворено Општество - Македонија, Европското здружение на студенти по право во Македонија, Младинскиот Образовен Форум, Македонскиот центар за европско образование и Интернет хотлајн провајдерот Македонија.

Извор: Метаморфозис.

Придружете се на трибината или на плоштад, а може да помогнете и со тоа што ќе го препратите линкот до ваши познаници, или ќе гласате за него на Кајмакот.

07 October 2008

Семејно стебло, а не „фамилијарно дрво“

За онаа реклама на ТВ кога покажуваат бастун со препорака да не дозволиме да не биде тоа нашето „фамилијарно дрво“.

Семејното стебло на приматитеПокрај тоа што зборот „стап“ во македонската култура има сосем определена симболика и значење некомпатибилна со целта на рекламата, користењето на буквален превод на англискиот израз (family tree) за нешто што си постои сосем убав македонски--семејно стебло--делува дополнително одбивно.

Кога веќе Владата на Република Македонија троши неброени милиони евра за реклами, би требало да се потруди барем квалитетот на македонскиот јазик во нив да биде како што треба. Сепак, тие агенциите што профитираат од буџетот може да споделат дел од профитот, цените на лектура по страница се доста прифатливи.

Фушерајот со парите на граѓаните е двоен фушерај, особено за производ од професионалци кои сакаат да ја пикаат придавката „креативно“ како дел од титули.

05 October 2008

Како помина Денот на слободен софтвер во Скопје?

Фотографијата е од подготовките на најавените активности за Денот на слободен софтвер во Скопје. Снимени се активистите од Слободен софтвер Македонија, во придружба на колеги блогери и блогерки, како го распнуваат платното на кое дополнително се сликаше.

Фото: Филип Стојановски. Лиценцирана со лиценцата Криејтив комонс наведи извор 2.5.
Кликнете на неа за поголема верзија.
Creative Commons License

Ги поканувам присутните да ги споделат своите впечатоци од настанот, особено да видиме како испаднало колаборативното дело на крај.

Нова Македонија за лажните постхумни профили

Нова Македонија од 4 и 5 октомври 2008

Денешната Нова Македонија објави напис на Бисерка Велковска-Блажева насловен „Тоше и Александар Македонски воскреснати на „Фејсбук“?!“ поттикнат меѓу другото и од мојот пост „Морбидна покана“.

Како што е ред и професионално, побараа и добија дозвола да искористат содржини од постот. Написот е најавен и на насловната страница на печатеното издание (најгоре лево).

04 October 2008

Една историја на американскиот стрип

ДоугНа Том д денсинг баг беше претставена историјата на американскиот стрип преку фиктивниот лик на глодарот Доуг

За споредба, мојата студија за историјата на стрипот и анимацијата, исто на англиски.

03 October 2008

Ден на слободен софтвер 2008

Слободен софтверСлободен софтвер Македонија организира прослава на Денот на слободен софтвер на 4.10.2008 година (сабота) со презентации за слободен софтвер и слободна култура во Скопје, од 12 часот во КЦ Точка и од 14 на плоштадот Македонија.

Со Светскиот ден на слободен софтвер се слави човековата креативност, правото на избор и здрава конкуренција. Повеќе информации и дискусии на:

Солидарност со Битола за фестивалот „Браќа Манаки“

Милтон МанакиСе согласувам со Молика и Букарски дека Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ не треба да се сели од Битола. Во знак на солидарност ги бојкотирам сите проекции во Скопје оваа година.

Мислам дека сите фестивалски настани сосе премиери треба да си се одвиваат во Битола, а во други градови (меѓу кои и Скопје) може после да оди ревија со некои или сите филмови, како деновиве пред години.

Исто така, на официјалниот веб-сајт на фестивалот покрај описите на филмовите (на кои им треба лектура, како побогу можеа да го преведат „Другата сестра Болејн“ со користење на типично англиската конструкција „Другата Болин сестра“) да има и време и место каде ќе се прикажуваат.

Свесен сум дека работите не се црно-бели, како што укажаа Елена, Гемиџи и Јанко, но ако Битола не го сака фестивалот како дел од својата традиција, подобро е тој да умре отколку да се зомбифицира по Скопје. Ако на Скопје му треба уште еден филмски фестивал, нека си почне нов и нека го крсти според првиот скопјанец кој користел филмска камера.

02 October 2008

Најтапа песна на сите времиња? Онаа од Кид Рок...

Кид Рок пееНа Крек’д.ком има една убава критика на песната на Кид Рок „Ол самер лонг“ во видео-формат, која е аргментирана на смешен начин. Ѕирнете.

Веб-сајтот на Македонска радио телевизија повторно не работи

На оваа тема веќе пишував, а пред малку една читателка ме извести преку коментар дека веб-сајтот на јавниот сервис Македонска радио и телевизија повторно не работи.

Би било добро традиционалните медиуми да испитаат што е проблемот. Поради неговата повеќејазична природа, тоа е сепак еден од најзначајните сајтови за информирање на светот за Македонија.

30 September 2008

Морбидна покана

Пред малку отворив Фејсбук после мала пауза и гледам ми стигнала препорака да се поврзам со некого. Љубопитен кликам на линкот, кога што ќе видам - ми предлагаат да се здружам со мртвиот Тоше Проески.

(Кликнете на сликата за поголема верзија.)

Можеби авторот на овој лажен профил имал најдобри намери, но како што вели старата поговорка: „патот кон Пеколот е поплочен со добри намери“. Како што препорачаа од Дирекцијата за заштита на лични податоци:
Креирањето на лажни профили на порталите за социјална интеракција не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и со основните принципи за заштита на личните податоци.
Дополнително, ова ми е многу невкусно, споредливо на појавата декларирани обожаватели на Тоше да се најголеми душмани на авторските права кои ги покриваат неговите дела - оти ги споделуваат без дозвола.

Ако некој веќе сака да укаже почест на почината личност преку создавање содржини на интернет, најдобро би било да отвори обожавателски (фан) веб-сајт или група на социјална мрежа, а не постхумен профил. Од смртта на Тоше не е помината ни година дена, и не верувам дека било кој со здрав разум би го зел неговото име и презиме како прекар или уметничко име.

24 September 2008

Букарски меѓу стоте највлијателни МК неполитичари според Глобус

Неделникот Глобус има објавено список на стоте највлијателни луѓе во Македонија кои се „надвор од сферата на политиката“. Меѓу нив е и еден блогер се и тројца блогери, меѓу кои Алекс Букарски е и претставен како блогер, додека Мирјана Најчевска и Жарко Трајаноски се претставени како интелектуалци и граѓански активисти. (Јее! напред блогери!)

Би сакал кога се прават вакви листи да се даде и објаснение на кој начин, односно според кои критериуми, методологија одело составувањето. „Дисклејмерот“ на Глобус е дека не претендираат дека нивната листа е сеопфатна или конечна, туку повеќе сакаат да дадат поттик за дискусија на темата кој ја сочинува елитата во нашето општество.

Мој прв прилог во дискусијата би била забелешката дека голем дел од наведените личности меѓу другото се занимаваат или до многу неодамна активно се занимавале со политика, иако не се моментално на јавни функции.

Би било интересно да се спореди колку од луѓето во списокот се споменати со посебен напис барем на Македонската википедија, ако не и на англиската. Тоа би било добра тема за напис... ммм! (Ако некој ја „украде“ идејата, го/ја молам барем да го направи тој напис темелно и транспарентно.)

22 September 2008

Веронаучна анализа за моќта

Интервју за веронауката со д-р Зоран Матевски, професор по социологија на религиите:

Вест: Уставниот суд ниту ја прифати ниту ја одби веронауката во школите. Владата побрза и го искористи вакуум просторот додека Уставниот суд не се комплетира. Вие бевте поканет како експерт да дадете ваше мислење. Дилемата на Уставниот суд беше дали верската настава во школите ќе претставува и верско дејствување?

Матевски: Јас мислам дека нема да биде верско дејствување, под услов ако не се вршат верски ритуали во училниците. Не смее да се дозволи наизуст да се учат молитви.

Вест: Ако наставата почнува со Оче наш или молитва кон Мухамед [sic], дали тоа значи верско дејствување? Која е границата на дејствување и настава?

Матевски: Ако свештеникот наместо да ја објаснува молитвата, ја практицира, тогаш тоа е ритуал. Или, пак, да ги тераат децата да се клањаат или наизуст да кажуваат молитви. Тоа никако не смее да се дозволи. Тоа може да се прави само во верски објект. Но ако професорот објаснува што значи Оче наш, тоа не е дејствување. Мора да има граница.

Жарко Трајаноски на Зомбификација известува за формите на верско дејствување присутни во планот за настава по веронаука. Меѓу другото:

...„Часовите започнуваат со молитвата „Оче наш...“ (за почеток учителот ја кажува молитвата, а во следните часови учениците читаат заедно со него).
...
„да ја научи формата на клањање намаз“
...

Тоа што се испостави дека анкетите биле местени е скандалозно, но ретко кого може да зачуди дека разбројувањето поттикнало верска нетрпеливост меѓу децата. Било кое од претходните нешта може да послужи како основа за укинување на оваа разидинувачка иницијатива која ја поткопува секуларноста на државата.

Everybody wants to be a catДека народот не е баш толку наивен може да се види и од приказната Мачорот, аџија и после калуѓер, оригинално запишана од Марко Цепенков и пренесена на сајтот Македонскиот народен гениј, при што некои термини се лекторирани во постандардна форма (на пр. место кауѓер, калуѓер).

Во приказната, оној кој ја има моќта (мачорот) со цел да ги прелаже своите жртви (глувците) се преправа дека е многу религиозен.

Откога беше се научил мачорот оти стаорите ги научиле глувците да не излегуваат од дупка надвор, и откога гладувал многу дни, измислил еден марифет да им прави на глувците.

Нашол една калуѓерска шапка и една долга раса; зел едни црни броеници подолзи од него, та отишол в црква кај амбарот што ја збираат црковната пченица, и застанал спроти дупките од кај што излегуваа многу глувци и фатил да се крсти и метании да чини и да ги трга броениците зрно по зрно и да вика што може и не може: „Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј; прости ме мене, Господи, прости ме мене, Господи, оти многу сум грешен!“

За љубителите на аналогии може да биде забавен и делот со стариот стаорец кој им дава на помладите совет да почекаат додека не дојде поповолно време, но тоа е веќе друга, неверонаучна тема.

+ дискусија

Авторитет за Александар Македонски

БувМи се виде интересен фактот што го дознав од мојот Сајтимитер: мојот пост за Александар Македонски во стрипот Алан Форд моментално се појавува на втората страница од пребарувањето на Гугл за клучните зборови Александар Македонски.

Ме израдува што за истиот термин на англиски - Alexander the Great - на трето место е написот од Macedonia FAQ. Не случајно го ставам линкот до тој напис на клучните зборови, колку повеќе линкови водат до него, толку повисок ранг на Гугл ќе има таа страница за нив.

Во тој контекст, да се навратам на тезата дека дигање на свеста кај странците е лек за фијаското за името.

Блогопен - за во книгата

Готвачот Шеф честитаНа блогот Оксиморон е објавен список на блогер(ски постов)и кои ќе се појават во овогодинешната книга на Блогопен. Честитки!

19 September 2008

Со онлајн видео против корупцијата

Со цел да ја помогнат борбата против корупција, а за зголемување на транспарентноста и отчетноста на власта, блоговите Комуникации и Панта реи ги пренесуваат видео-клиповите со кои оштетени граѓани се жалат на урбаната мафија во општина Центар.

Во клиповите објавени на Ју тјуб се поместени снимени разговори со општинските функционери и службеници за кои се тврди дека не ја завршиле својата работа при рушење на дивоградби, оштетувајќи ги граѓаните. За овој аспект на аферата „Платина“ првобитно извести весникот Нова Македонија, а клиповите ги има пренесено и Таратур.