Блекаут

15 May 2007

Потребата за применета политика за слободен софтвер во Македонија

На конференцијата за слободен софтвер организирано од УНДП денес имав чест во името на фондацијата Метаморфозис да одржам презентација на тема „Потребата за политика за слободен софтвер во Македонија“.



Досегашното искуство укажува дека без визија преточена во документ за применета политика, кој би дал насоки за промена на законската рамка, има многу мали шанси дека државните функционери и службеници и на централно и на локално ниво ќе се придвижат во насока на запознавање и користење на придобивките од ИКТ, меѓу кои и слободниот софтвер.

2 comments:

новица said...

Мора да споменеме и дека досегашното искуство кажува дека ретко кој ги почитува документите кои преточуваат визија во применета политика. НСИО е таков пример заедно со софтверот од Фондот на ПИОМ.

Razvigor said...

Новица, непочитувањето е дел од сеопфатното нефункционирање на правната држава во Македонија. Со креирање на политиките, законите, прописите и процедурите, обезбедуваме барем шанса кога државниот апарат ќе профункционира целосно транспарентно и отчетно да се постапи по нив. Ако воопшто ги нема, тогаш нема никаква шанса дека нешто ќе се придвижи, освен по инерција или ад-хок. To fail to plan is to plan to fail.