Единствената банка која своевремено ми одговори беше онаа која ја избрав за тоа за што ми требаше. И да за нивните силни милиони евра моите неколку илјади се „ситна боранија“ но тоа е веќе нивен проблем не мој.Лошата пракса на игнорантска неконтактибилност не само што е спротивна на напорите за поголема употребливост, не само што е една од најчестите и најтешките грешки во оваа област, туку е и одраз на закоравена технофобија.
Единствените кои ми одговорија малку посериозно на мојот меил, на крај беа оние со кои склучив договор за купување возило. Единствената брокерска куќа која се „дрзна“ да ми одговори сега има партнерски однос со мене.
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
03 May 2007
„Повелете во нашите простории...“ технофоби низаедни
Се согласувам со Гуд бајтс во препораката на текстот на Јаков за контактирањето по е-пошта, во кој укажува на неспособноста и недостатокот на волја на македонските фирми да ги користат системите за контакт со посетителите на нивните веб-сајтови. И јас имам слични искуства, многу ретко добивам одговори на прашања што ги поставувам до сајтови, кога не ги поставувам од некоја официјална позиција туку како обичен граѓанин. А навистина има разлика, како што вели Јаков:
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment