Епизодата „Шпијун“ од серијалот за Кен Паркер за мене е една од највпечатливите и најнетипичните за италијанските вестерн-романчиња. (До душа, целиот серијал е атипичен.) Приказната не се одвива на „дивиот запад“, туку на индустријализираниот исток, односно север и зборува за животот на работниците и напорите на корпорациите да ги ограничат нивните права.
Минатиот Први мај ја препорачав меѓу другите уметнички интерпетации на класната борба во САД кон крајот на деветнаесеттиот век.
Текстот на Вуна „Мачениците од Хејмаркет сквер“ ме потсети на тоа и ме поттикна да ја побарам поупорно епизодата и да го објавам линкот на блогов.
No comments:
Post a Comment