Блекаут

17 May 2007

Да пишеме до „Ју тјуб“ да не нè фиромизира

Информацијата од Дарко дека списанието еСпорт има канал на „Ју тјуб“ ме потсети на тоа дека на тој сајт нашата земја фигурира како „Macedonia - The Former Yugoslav Republic of“.

Јас пред неколку месеци им пишав за ова, ама не добив одговор. Веројатно ако добијат повеќе забелешки, ќе го сватат проблемот сериозно.

Особено ако љубезно и пристојно, но цврсто, им се напомене дека таквото означување е
  • навредливо (offensive),
  • одраз на расизам (racism) и
  • нефер (ниедна друга југословенска република не означуваат така).
Плус, да им се каже дека нивната земја (САД) и нивната компанија мајка (Гугл) не ја прават оваа грешка, туку нè нарекуваат како што треба - Македонија. Пишете им!

3 comments:

Anonymous said...

Еј на слична тема

Еднаш се обидував да најдам каде на GoogleMaps да им пишам дека не е Скопље .

Не најдов.

glisha said...

Тука можеш да им пратиш на Гугл мапс за Скопље.

Anonymous said...

Блогот Say: Macedonia е наменет токму за праќање вакви пораки.