Блекаут

15 May 2007

Интернет не е приоритет за новите мак. списанија

Со нетрпение го очекував да ги видам веб-сајтовите на новите списанија - месечникот „Авангарда“ и неделникот „Глобус“. За жал, ни после 1 месец од излегувањето на првото, односно 3 броја од второто, на веб-адресите објавени во импресумот, односно насловната страница, нема сајтови.


Исто така, го забележав првиот број на месечникот „Ред“ (Red), наслов на англиски, текст на македонски, а во импресумот не само што немаше веб-адреса, немаше ниту е-пошта како можност за контакт. За разлика од првите два, решив да не го купам.

5 comments:

dasaf said...

слободно може и Е-Спорт да се вброи во оваа категорија, затоа што иако имаат некој концепт (www.esport.com.mk) сепак ништо не функционира на страната.
а за Авангарда. ќе пишував „рецензија“ ама ај ги поштедив. иако списанието ми изгледа како Мелита-Емисија. Издизајнирано, Квалитетно изработено, Стегнато! ама на содржина многу лабаво...

darko156 said...

За Авангарда и еСпорт не смеам да коментирам :)

а эа RED не вреди да се коментира, а ти па уште и веб бараш :)

Сепак се сложувам со констатациите :)

ribaro said...

Darko, nema alibi sega, napraj tamu pritisok ustvari napori i neka gi bide.

darko156 said...

Еве мало оправдување за еСпорт

http://flickr.com/groups/esport/
http://www.youtube.com/esportmk

Ико said...

Официјално од Еспорт: страната ни е во изработка, па затоа ништо не функционира, сега е во тест-фаза, а би требало да проработи викендов.

Тоа што го гледате сега е мал preview на тоа како ќе изгледа страницата.

Поздрав