Колку деца имате? - Имам две деца и едно чупе.Особено интересен проблем е како да се преведе на делот во „Господар на прстените: Враќање на кралот“ поврзан со легендата за кралот-вештер од Ангмар за кој се знае дека „no man can kill him“. Јунаците првобитно го интерпретираат тоа како „не може да биде убиен од човек“ или „никој не може да го убие“, но всушност со дејствието се открива дека значењето на пророштвото е дека „не може да биде убиен од маж“ - оти го убива жена, принцезата Еовин. Вицот е нели, во тоа што во оригиналот читателот прво несвесно го прифаќа едното значење, па потоа другото.
Ако го имате преводот при рака, пишете како е решено, мислам дека АЕА објавија официјално издание на книгата.
Сцената е омаж на Шекспировиот „Магбет“ (Macbeth), за којшто е прорекнато дека не може да биде убиен од човек роден од жена (no man of woman born...). Него го суредува Мекдаф, кој наводно не бил роден по „природен“ пат, туку преку еден вид насилен царски рез - утробата на неговата трудна мајка била распорена да го извадат.
Macb. Thou loosest labourДигресивна фуснота: Mrs. Wang goes to Minas Tirith - одлична пародија на горенаведениот филм
As easie may'st thou the intrenchant Ayre
With thy keene Sword impresse, as make me bleed:
Let fall thy blade on vulnerable Crests,
I beare a charmed Life, which must not yeeld
To one of woman borne
Macd. Dispaire thy Charme,
And let the Angell whom thou still hast seru'd
Tell thee, Macduffe was from his Mothers womb
Untimely ript
1 comment:
Интересно...
Само Битола сеуште користиме таков термин: едно дете и едно чупе. :) Еден Чоек и една жена.. итн.
Post a Comment