Информацијата од Дарко дека списанието
еСпорт има канал на „Ју тјуб“ ме потсети на тоа дека на тој сајт нашата земја фигурира како „Macedonia - The Former Yugoslav Republic of“.
Јас пред неколку месеци им пишав за ова, ама не добив одговор. Веројатно ако добијат повеќе забелешки, ќе го сватат проблемот сериозно.
Особено ако љубезно и пристојно, но цврсто, им се напомене дека таквото означување е
- навредливо (offensive),
- одраз на расизам (racism) и
- нефер (ниедна друга југословенска република не означуваат така).
Плус, да им се каже дека нивната земја (САД) и нивната компанија мајка (Гугл) не ја прават оваа грешка, туку нè нарекуваат како што треба - Македонија.
Пишете им!
3 comments:
Еј на слична тема
Еднаш се обидував да најдам каде на GoogleMaps да им пишам дека не е Скопље .
Не најдов.
Тука можеш да им пратиш на Гугл мапс за Скопље.
Блогот Say: Macedonia е наменет токму за праќање вакви пораки.
Post a Comment