- Лошо пребарување – пребарувачот не треба да биде само буквален, туку треба да ги зема предвид печатните грешки кои корисникот може да ги направи
- Објавување на документи само како ПДФ датотеки за читање на интернет – за разлика од ХТМЛ, овој формат е наменет за печатење на хартија, а не за читање од екран
- Неменување на бојата на посетени линкови – корисникот не знае што сè има посетено
- Непрегледен текст – читањето од екран е потешко отколку од хартија, па текстот треба да биде разбиен на пократки пасуси, со празен простор, јасно означени наслови, поднаслови и важни термини, а при набројување да се користат листи и „булети“, не континуирани реченици.
- Фиксирана големина на фонтови – оневозможува корисниците со послаб вид да го прилагодат изгледот преку менито на разгледувачот.
- Наслови на страници со ниска видливост за машините за пребарување – насловот треба да ја одразува содржината преку клучни термини и да биде дел од кодот, вметнат во тагот title.
- Употреба на рекламни елементи – корисниците не доаѓаат да гледаат реклами и сесрдно ги избегнуваат сите банери, мали анимации и прозорци што искокнуваат (поп-ап).
- Непридржување до конвенциите за дизајн – секој обид да се измисли топла вода губи времето на корисниците кои се навикнати на стандардни функции.
- Отворање на нови прозорци на разгледувачот – троши дополнителни компјутерски ресурси без дозвола на корисникот, оневозможува природно враќање на претходните сајтови и го нарушува текот на сурфањето.
- Неодговарање на прашањата на корисниците поставени преку е-пошта и нудење недоволно информации. На пример, објавување каталог на производи без цени.
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
23 April 2007
Десет најчести грешки во веб-дизајнот, според Јакоб Нилсен
Ова е ептен концизно пренесување на главните точки од текстот (Top Ten Mistakes in Web Design) на Јакоб Нилсен.
Лејбели (тагови):
Употребливост
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment