Блекаут

03 May 2007

Немој што на ум то на блог

Ана објавила одлично видео-клипче со кое се илустрира потребата да се промисли пред да се објави било што на нет:



Ова е во согласност со препораките на Јакоб Нилсен, кој вели:
Секогаш кога објавувате нешто на интернет, било на блог, во дискусиона група, или дури и преку е-пошта, помислете за тоа како тоа што сте го напишале ќе му изгледа на директор што би ве вработувал за десет години. Штом напишаното излезе од вашиот компјутер, тоа се архивира, кешира и индексира на многу сервиси за кои вие веројатно и не сте свесни.
...како и со предупредувањата на Ребека Блад:
А правилото е: ако не сакаш некој да дознае што пишуваш, тој најверојатно и ќе дознае. Па, така, мисли пред да постираш и запомни што си објавил. Запомни дека има разлика помеѓу личните и приватните работи.
...дадени во интервју направено од Владо Апостолов.

2 comments:

Anonymous said...

Глупости ... овие промовираат авто-цензура на најсељачки начин.

Anonymous said...

... не се глупости, муабетот е: да не речиш после не знаев :)