Блекаут

01 March 2006

Основни работи за блогирањето - за почетници

Форум плус има одлични написи, што ги читам во сабота сабајле, ама се воздржувам да ги коментирам поради тоа што ги ставаат на веб по повеќе од недела дена. Еден од таквите е и интервјуто со блогерката Ребека Блад, од кое би сакал да свртам внимание на следното:
Кои се основните работи за блогирањето што треба да ги знае еден почетник?
Запомни дека објавуваш. Блогирањето може да стане толку лично, што луѓето може да почувствуваат како да се во обичен муабет. Но, она што го пишуваш е трајно и многу лесно може да се најде, на Гугл или каде било. Секој може да го најде. А правилото е: ако не сакаш некој да дознае што пишуваш, тој најверојатно и ќе дознае. Па, така, мисли пред да постираш и запомни што си објавил. Запомни дека има разлика помеѓу личните и приватните работи. За многу блогери постирањето значи да зборуваш за реалните работи, но тоа не значи дека треба да пишуваш за сè. Биди искрен во она што го пишуваш, но почитувај ги твоите граници. Неоткривањето на приватните работи не е нечесно, туку е здраво.
Споредете со сличниот совет на Јакоб Нилсен.

2 comments:

Darko156 said...

Комплетно заборавив да го постирам ова интервју.

Сега веднаш ќе го сторам тоа :)

Јован said...

Она што сакав да ти искоментирам за Нилсен е - доколку дословно ги следиш овие принципи блогот ќе ти биде испран на 95% од сите можни квалитетни идеи. Од преголема коректност. Претпоставувам дека она што сакаат да кажат и Ребека и Јакоб е не дозволувај еден ден да се срамиш од она што си го напишал. А не - не пишувај за ништо што може теоретски да го навреди било кој иден потенцијален директор.