Блекаут

01 March 2006

Заборавање дека пишувате за вашиот иден шеф

Стручњакот за употребливост Јакоб Нилсен, во неговите „Употребливост на блогови: Десетте најчести дизајнерски грешки“ (Weblog Usability: The Top Ten Design Mistakes) советува:
Заборавање дека пишувате за вашиот иден шеф
Секогаш кога објавувате нешто на интернет, било на блог, во дискусиона група, или дури и преку е-пошта, помислете за тоа како тоа што сте го напишале ќе му изгледа на директор што би ве вработувал за десет години. Штом напишаното излезе од вашиот компјутер, тоа се архивира, кешира и индексира на многу сервиси за кои вие веројатно и не сте свесни.

За многу години, некоја фирма може да ја разгледува можноста да ве вработи и како мерка на претпазливост ќе провери што има за вас на интернет. (Ако мислите дека Гугл е опасен, знајте дека во иднина ќе се појави некој супер-шпијунски сервис што ќе може да ископа сè за вас што било кога било ставено во дигитална форма.) Што ќе може да најдат објавено под вашето име: наивно чисти „анализи“ или гадни навредливи пораки по дискусии?

Размислете малку пред да ставите нешто на блогот. Ако не сакате вашиот иден шеф да го прочита, не го објавувајте.
За споредба: „Сталин во душата“ од Урсула К. ле Гвин.

1 comment:

Darko156 said...

На оваа тема многу се дискутира по америка, особено тој да го наречеме проблем се актуелизираше по огромниот подем на My Space.

Таа мрежа провоцира уште поголема загриженост бидејќи расте енормно брзо, најмногу таму оставаат податоци деца и млади.

Многупати јавните личности излегувале со потези со предуредивање но сепак изгледа убавината на виртуелната поврзаност на младите им е поважна