Програма 3 - Информатичка поддршка на Владата. Оваа буџетска програма ги опфаќа активностите поврзани со организација, планирање, развој, подобрување на информатичката инфраструктура, експлоатација и поддршка на веб-страница на Владата на Република Македонија и усвоениот концепт за Е-Влада. Во текот на 2006 година се предвидува преуредување на канцелариски простор во систем сала со електростатски под, набавка на информатичка опрема и изработка на соодветни апликативни решенија во согласност со усвоениот концепт за Е-Влада. Основна цел на оваа буџетска програма е обезбедување на соодветна информатичка поддршка на работењето на Владата на Република Македонија.Предвиден расход: 21.627.000 денари.
Штета што во моментов не постои јавно достапна електронска верзија од донесениот буџет ниту на веб-сајтовите на Владата и Собранието, ниту кај Министерството за финасии и Канцеларијата за контакт помеѓу НВО и Собранието. На последните две институции со колегите се обративме и телефонски - без резултат. Со дигитална верзија пребарувањето по клучни зборови ќе беше многу полесно и се надевам, поуспешно.
No comments:
Post a Comment