Наспроти извесната замагленост во однос на разликите помеѓу разните форми на фашизмот, мислам дека е можно да се направи список на особини кои се типични за она што би сакал да го наречам Ур-фашизам, или Вечен фашизам. Овие особини не можат да бидат организирани во систем – многу од нив се контрадикторни една на друга. Исто така, тие се типични и за некои други форми на деспотизам или фанатизам. Но, доволно е една од нив да е присутна за да се дозволи на фашизмот да коагулира околу неа.Одлична појдовна основа за размислување. Освен на македонски, текстот е достапен на албански и на англиски. Поздрав до Ивица и Ивица.
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
29 January 2006
Препорака: „Вечен Фашизам“ од Умберто Еко
Во есејот „Вечен фашизам: 14 начини на гледање на црнокошуљаш“, култниот италијански интелектуалец Умберто Еко ги набројува основните особини кои ги имаат фашистичките движења.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment