Блекаут

26 January 2006

ТВ-Траума: Смешно е кога жената тепа

Во барем неколку реклами што се вртат по македонските телевизии главната финта е како женско тепа машко. Таквиот чин е претставен како нешто смешно. Неколку примери:

Чин на насилство Производ Нешто од рекламата
Помодрување со бејзбол-палка Кафе Браво „Он на мене - Цуцо“ (К-15)
Шлаканици Фанта „Џими Хуму Хуму Нуку Нуку Апуа му помага на Малиот Батка у романтика“ (Бамбуча)
Кршење од ќутек Пепси „Седиш на мојата чанта“ (Џенифер Лопез, Бијонсе и Дејвид Бекам)
Истурање ладна вода на глава Пела роса Луѓе шетаат наоколу со растенија во саксии.
Шлаканица Фруктал „Само во подобри локали“

Мислам дека оваа појава е показател за нерамноправноста на половите, без разлика што семејнотото насилство кај нас е дефинирано неутрално, на пример со член 98-109, од Законот за семејство (ПДФ, 464 КБ).

Дали рекламиве би се сметале за смешни и прифатливи со обратен распоред на улоги?

Веројатно рекламните агенции што ги прават ги дефинирале жените како главна целна група (главен „шопер“ у фамилија) чие его треба да се подигне. Има и многу реклами во кои нема насилство, особено за производи поврзани со „женски работи“, ама во кои машкиот лик испаѓа смотан, а жената вешта: „Па добро бе Горане, не знаеш ли дека...“ или она кога жената намерно истура кечап на чаршавот откако мажот по грешка ќе бутне чаша, да му покаже дека со тој и тој прашок не е страшно.

Исклучок од овој тренд се некои од рекламите за хигиенски влошки, во кои понекогаш е определено срамот, а не суетата, да се искористи како емоција-„тригер“. Има една таква со девојка што се огледува во темно прозорско стакло од автомобил.

3 comments:

Јован said...

Овој тип на дебати во мојата омилена Скандинавија се потегнуваат од страна на самите жени. Тоа е самосвест. Се друго е гола вода.

Darko156 said...

Има една песна од Рамбо Амадеус каде човекот детално објаснува како се прави хит. Уште во ррвата строфа истакнува дека песната треба да биде наменета на жените бидејќи тие најмногу купувале касети и гласале на топ листи на ТВ.

Иако пристапов не ми е многу сериозен сепак темава е одлична. Ќе се потрудам да ви набавам некој дел од една семинарска која Сеад ја направи, а се однесува на категоризација на машките и женските ликови во рекламите во МК

ВББ said...

Тоа се должи на владеењето на женскиот сексизам.(барем во западнава цивилизација)
Уште еден куп примери можат да се додадат во листата:
например она што е разлика имзеѓу добар и идеален маж?? па незнам ти 5 см. или како беше (демек алудира на кур) ама на крај не’ зезнуе и вади кредитна.
Па куп спотови, филмови, текстови на песни (па дури и детски песнички „иди дечко шетај..ја сум главна риба“ итн..
Општо bitch однесувањето е мејнстрим сега.Баш гледав пред некој ден некое детско фестивалче, искачаат нашиве све некои еротки кореографии, миничи , цицки и сл. текстови двосмислени,а искача русинчето онака баш детска песна, со понешто фолклор пее за матрјошки,зајаци и мечки и сл. (разлика во воспитување исток-запад итн)

Објаснувањето со рекламните агенции звучи разумно, но сепак е „предлабоко“. не мислам да којзнае каква стратегија и психологија се крие зад тоа барем кај нас а некои од производиве не се баш „типично женски“ нели.а и кој пазар сме ние. туку мислам дека е просто тренд, рекламата е нели меѓудругото одраз на времето, идеалите и вредностите на истото итн. а денес мажот е во подредена положба.
(например како контраст у стари амерички реклами од 50-ти, нели жената е хаусуајф нешо праи пита со јабуки итн..американ веј оф лајф, го испраќа мужот на работа итн..)
за слични теми, незнам колку вешто за ваш вкус, пишував и на моето блогче, бујрум ѕирнете:
http://vbb.blog.com.mk