Од вкупниот број на испитаници 68% изјавиле дека воопшто не користат интернет. 14% користат интернет во интернет-кафеа, а 11% сурфаат од дома. 9% користат интернет на работното место, додека 4% од испитаниците користат кај пријатели и 1% одговориле дека користат на друго место.Преку написот може да се симнe зипувана презентација во Пауер поинт од 860 КБ, во која јавниот дел од резултатите на истражувањето се претставени подетално.
Големо внимание при првото јавно презентирање на резултатите предизвика податокот дека 50% од македонските домаќинства се приклучени на кабелска телевизија.
Инаку, вкупната бројка на проценти за користење на интернет е 107%, оти некои од испитаниците користат интернет на повеќе места - на пример, дома и на работа.
Затоа пак, процентот на некористење е еднозначен и сличен со оној добиен со истражувањата на Метаморфозис од 2004 (67% не користат, 3% одбиваат да одговорат) и 2005 (70% не користат).
No comments:
Post a Comment