Се колнам во својот живот и во љубовта кон него дека нема да живеам заради никој друг, ниту пак ќе барам од друг да живее за мене.Од целото интервју, мислам дека ова ми остави најголем впечаток:
Садизмот, диктаторството или било која форма на зло, се последица на човечкото избегнување на реалноста. Последица на неговата неспособност да мисли. Човекот без цел е човек кој им се препушта на случајните чувства или неидентификуваните нагони, и кој е способен на секакво зло бидејќи тој нема никаква контрола врз сопствениот живот. За да можете да го контролирате вашиот живот потребна ви е цел - продуктивна цел.Родена во Петроград во агностичко еврејско семејство, а во 1926 година пребегала од Советскиот сојуз во САД. Голем дел од нејзините дела се проткаени со длабок антикомунизам и критика на сите форми на колективизација.
(Некое време по објавувањето на интервјуто на Агора, на Багра се поведе дискусија за Ајн Ранд, но поради заглавеноста на интернетот спомената во претходниот пост не успеав да го најдам линкот.)
No comments:
Post a Comment