Сите заинтересирани корисници на Интернет наскоро ќе можат во живо да гледаат панорами од Охрид, езерото и од позначајните историски споменици, преку камерите што ќе бидат поставени на повеќе локации.Оваа шема може да послужи и за поттикнување на туризмот, а и зголемување на посетеноста на веб-сајтот. Луѓето од општина Талин, Естонија забележале дека многу туристи или локалци на пријатели и роднини им праќаат СМС-пораки за тоа каде може да ги видат и потоа им мафтаат преку веб.
Затоа, би било добро и пристојно, на местата кои што се под надзор на камери да се стават ознаки дека тука се снима (натписи, постери) , на кои ќе биде јасно назначен и веб-сајтот на којшто се прикажува снимката.
Ова е важно и од аспект на зачувување на приватноста, оти видео-снимањето е еден вид „прислушкување“. Кој гарантира дека тие снимки нема да се чуваат и анализираат, можеби на штета на снимените граѓани - и од кого. Особено ако целата операција ја вршат органите на власта, со пари од народот, кои богами не ги кријат можностите за примена на репресивни мерки:
Покрај тоа што Охрид преку Интернет ќе се промовира во светот, локалната власт ќе ги користи камерите и за санкционирање на несовесните граѓани, кои не се грижат за хигиената во градот и фрлаат отпадоци на јавни површини. Истите ќе бидат казнувани според одлуката за комунален ред на Општината Охрид. Се очекува камерите позитивно да влијаат и врз почитувањето на јавниот ред и мир и врз намалувањето на криминалот во градот.Ефектот од последново може и да не биде особен, оти на местата на кои е најавено поставувањето веројатно поради големото присуство на минувачи ионака има помали можности за насилство.
Ако добро се сеќавам, во еден муабет, Иан Браун, стручњак за е-општество од Лондон (кој е прилично прекриен со камери) ми има кажано дека ефектот кои ваквиот вид на надзор го има врз криминалот е занемарлив, а ризикот од злоупотреба и загрозување на приватноста од страна на властите е голем, наспроти, да речеме поставување на добро улично осветление по сите мрачни сокаци.
No comments:
Post a Comment