Кога бев средно ирцање беше главна фора... Денес за средношколците главна фора е (или многу наскоро ќе биде) блогирањето.Ова и други го чувствуваат инстиктивно. Така на пример, на Блогот на Теа стои:
За менеМинатата пролет бев во САД и тогаш ми беше речено дека доминантна форма на интернет комуникација за тинејџерите се инстант месинџери (ИМ) и блогови. Мислам дека многу се користат приватни блогови, односно блогови кои не се автоматски јавни, туку пристапот (читањето) до нив може да се ограничи на група на луѓе (друштво, одделение, клас) со пасворди и слично. Не знам дали ја има таа опција на Блогерај, но може добро да им послужи, особено за ограничување на тоа што сите постови автоматски одат на фидови.
Ова нешто ко АСЛ му доаѓа а:) С-то мислам дека е јасно, имам 26 години и сум од Скопје. Фала,пријатно:)
За филтрирање според квалитет, може само да се повикам на заклучокот од „Вашингтон пост“ што го посочи Дарко на Комуникации, дека „правењето на робот што ќе надгледува и ќе лови флејмери, тролови и други кретени што пречат на интернет-форумите“ би било корисна примена на вештачката интелигенција.
Инаку, претпоставувам дека во САД, ИМ секогаш биле помоќни од ИРЦ: јак маркетинг (Јаху, АОЛ, Мајкрософт), полесен интерфејс фокусиран на индивидуата (наспроти канали), повеќе заштита за клиентската машина (преку ИРЦ можеше да се гледа ИП) итн. Корисниците на ИМ воопшто немаат потреба да знаат што е тоа АСЛ - тие податоци се на увид преку опцијата персонал инфо.
Кај нас баш заради ИРЦ беа отворени многу интернет кафеа, од кои голем дел сега се испозатворени. Мислам дека опаѓањето на кафеата почна кон 2002 година, а и ИРЦ каналите се со опаѓачка популарност. Дали тоа значи дека голем дел од оние кои оделе по кафеата си купиле компјутери по дома? Во мојот случај, скоро сите пријатели со кои комуницирав редовно преку ИРЦ преминаа на ИМ (Ајсикју, Јаху или МСН).
2 comments:
Некои работи се карактеристика на сите луѓе, и без разлика каде се наоѓаат некои работи ги примаат, применуваат и сфаќаат многу слично дури и исто.
Доколку погледнете некое посериозно истражување на блогосферата, било американска или светска ќе видите дека македонската блогосфера само почнува да чекори по веќе утврдени патеки
Донекаде тоа е сосем нормално, да не речам и сосем добро, зошто така може да кажеме дека имаме нешто заедничко со развиениве земји :)
Она што се случуваше кај нас со IRC сервисот беше лудило. Луѓе окапуваа пред монитор со часови, се караа, се сакаа, социјалниот живот си го живееа целосно на Нет. Некои таму и пораснаа.
Блоговите се друга работа. Сега на секој му е лесно да си ги истура вијугите на Мрежата, па еве конечно да дочекаме наши содржини да почнат да се публикуваат на Интернет.
Post a Comment