Блекаут

26 January 2006

Кои блогови ќе влезат во наредната „Споредба на посетеност на македонски блогови“

Решив последниот ден од месецов да направам нова верзија на Споредбата на посетеност на најпосетените македонски блогови, која ја објавив на 20.01.2005.

Основен критериум за еден блог да биде земен предвид е да користи бројач Сајт митер чии резултати се јавно достапни. Ваквиот бројач лесно се интегрира и ако имате блог на Блогер (опција во самите подесувања на бројачот) и ако имате блог на Блогерај (опција во подесувањата на блог-сервисот).

Споредбата ќе биде извршена во три категории, одбрани заради низа причини од графичка природа. Категориите се поделени според максималниот број на посети на месечно ниво постигнати во некој од последните 12 месеци
  1. Над 3000: ветераните Анти, Букаро, Јован, Моби, НБА Маседониа и новите „златни дечки“ Вицотека, Секс.
  2. 1000-3000: Ана, Веб-сајт на денот, Горан Андреев, е-Бизнис, Етна, Панта реи, Тајни, Тетово-онлајн, Фотографик дајери.
  3. Под 1000: Будна правда, е-Рајдери, Развигор, Скопски времиња.
Секако, доколку во меѓувреме има скок на посетеноста на некој од наведените блогови, ќе бидат соодветно преместени по категории.

Ако сметате дека постојат блогови поврзани со Македонија коишто не се наведени, а треба да влезат во конкуренција, пишете коментари со линк до нив (може и анонимно).

6 comments:

Anonymous said...

Ставајте сајтмитери!

Darko156 said...

Дел од листава треба да почекаш да го прослави првиот месец постоење па после да ги ставиш на листа.

Целава работа ми изгледа само за мерење на кој му е поголем, не води никаде :(

Anonymous said...

ааа нема тука срам не срам
ај на маса сите да ги мериме :)))

Anonymous said...

а каде е вуна? или отиде на блог ком па веќе не се важи?

Развигор said...

Вуна нема ставено таков бројач каков што треба за споредбава. Како што и стои во постот, учеството зависи од поставување на Сајт митер, а не од тоа кој блогерски сервис се користи.

Darko156 said...

Имам