Додадов линк до Panta Rei, еден од за мене најинтересните македонски блогови во блогролот. Не ми е јасно како сум го испуштил досега.
Неговиот автор уште одржува неколку други блогови, од кои многу ми се свиде оној со македонски народни песни.
Ме потсети на иницијативата која околу 1997 година ја почнавме во рамките на градењето на студентскиот веб на Институтот за информатика, а во соработка со волонтери-корисници на Информа ББС организирав изградба на една „Спонтана збирка на македонска поезија“ со препеви на англиски, која беше на интернет неколку години. Пред некое време ги најдов оригиналните фајлови во „нафталин“ (личен бекап), па штом можам ќе ги презентирам повторно на веб. Треба да се дообработат, оти беа објавени во времето пред да се рашири кириличната поддршка, па за максимална компатибилност со сите читатели и песните на македонски јазик се пишувани со транскрипција на англиска латиница.
1 comment:
Фала.
BTW, кириличната поддршка за Windows се појави со Windows 98.
Post a Comment