Блекаут

22 January 2006

Кабелските телевизии стануваат самостојни интернет-провајдери

Примерот од блогот е-Бизнис, за тоа како Телекабел ја раскинал соработката со Он.нет и решил „сите корисници да ги префрли кај себе“ не е осамен. Од прва рака (монтерот) дознав и дека охридска ТВ Зора, која во Скопје го покрива Карпош, веќе не нуди кабелски интернет преку МОЛ, како досега, туку „свој“.

Според МАРНет, регистриран сопственик на поддоменот www.zora.com.mk е Зора ДOO Oхрид, но адресата во моментов директно пренасочува кон веб-сајтот на МОЛ. Претпоставувам дека МОЛ го хостирал како дел од соработката. На каналот на Зора за информации одат реклами за кабелски интернет под слоган „Најдобри! Единствени!“ (второво е доста индикативно) и ВОИП, но не е наведен нивен веб-сајт.

Стратеџик маркетинг (СММРИ) по нарачка на Центарот за развој на медиуми има извршено квантитативно истражување, финансирано од ФИООМ и ОБСЕ, на тема „Технички услови и потенцијал во радиодифузната дејност во Р. Македонија“ според кое околу 50% од домаќинствата во замјава изјавиле дека имаат приклучок на кабелска телевизија.

2 comments:

Darko156 said...

Страницата на Зора од поодамна префрла директно кај мол. Јас тоа го протолкувавм на друг начин. Тие им се хост, ама зора немаат сајт, па затоа го прерлаат линкот кај себе. Инаку мислам дека ваков сличен пример имаше и со некоја друга страница кја префрлуваше на мол, ама во моментов не ми текнува кја беше.

Таман се решив јас да ставам кабелски дома и сега види о ми се дешава, повторно треба да чекам да видам што ќе се случи. Инаку мојот кабелски оператор е Cadis.com.mk

Anonymous said...

Повеќе КаТВ користат услуги од Неотел и Кујтеса како бекбоун провајдери.

Всушност не сите КаТВ нудат КаТВ интернет според стандардите. Некои паралелно водат фибероптичко-бакарна хибридна мрежа до муштериите (најсреќните), потоа некои користат безжични рутери и бакар од стан до стан и конечно има КаТВ кои користат кабелски модеми... Со оглед на очајниот квалитет на дел од кабелската мрежа ова последново знае да биде вистинска авантура.

Така да кога зборувате за Зора, Кадис, Телекабел, итн итн всушност мешате баби и жаби бидејќи секој различно си ги решава приклучувањата на последната милја.

Инаку во САД КаТВ интернет важи за стабилен, брз и не баш евтин...

Дали КаТВ се обврзани како и телекомуникациските фирми да ги отворат своите мрежи за интерконекција?