Блекаут

20 January 2006

Споредба на посетеност на најпосетените македонски блогови

Споредба на јавно достапните податоци за посетеност на најпосетуваните македонски блогови. Во конкуренција влегоа само блоговите кои, според за мене достапните сознанија, во некој од изминатите месеци имале над 3000 посети: Анти, Букаро, Јован, Моби и НБА Маседониа.



Споредбата се однесува на број на посети (visits) и е направена со користење на податоците од Сајт митер кои се однесуваат на последните 12 месеци, состојба од 20.01.2006. околу 17:30 часот. За комбинирање и обработка на сликите беше користен Фотошоп ЦС.

15 comments:

Shepard said...

вуна да имаше сајтметар.. ама ај ;) реков, не е тоа мојата цел ;)

фина анализа

Anonymous said...

Супер анализа, и прв пат успеа да го натераш Шепард да подразмисли да стави сајтмитер повторно...

Апсолутните бројки и толку не се битни, колку што е битен релативниот раст кој е очигледен за сите блогови...

Развигор, македонски блог-неткрафт :)

.аНТИ said...

интересантно е со у декември на сите ни пораснал, а у јануари на сите ни клапнал

Развигор said...

Анти, јануари не е завршен, само две третини се поминати... има време за пресврти. :-)

Б.Ц. said...

Не се реални! Јас откако ставив сајтметар бројот на посетители ми се зголеми за 4 пати!

Развигор said...

Таргет, те молам објасни малку поопширно, за што мислиш дека „не се реални“.

Б.Ц. said...
This comment has been removed by a blog administrator.
Б.Ц. said...

Споредба на посетеност на најпосетените македонски блогови.
Не се реални, зошто има барем уште 5 македонски блогови подобри од некој од наведените.

Развигор said...

Таргет, критериумот за избор беше дали имале во некој месец над 3000 посети, не дали е некој подобар или не. Има неколку блогови што мислам дека се многу добри, но според Сајт митер имаат помалку посети, максимум околу илјада и кусур месечно. Ако ги вклучев во овој графикон кје испаднеше пренатрупан во долниот дел.

Напиши линкови до тие блогови за кои што сметаш дека треба да се вклучени.

Б.Ц. said...

Ок ти си знаеш да не ти се мешам, али еве etna.blog.com.mk се стреми на 3000 сепак уште е нова.

Darko156 said...

Пријавете се сите на Technorati па да видиме по еден поразличен метод на мерење кој така ќе добие популарност. Бројот на посети на блоговите не е реално мерило, исто како и ранкот на Technorati, но сепак некој комбинација од повеќе вакви мерења може да истакне некои работи.

Јас голем дел од блоговите ги цитам во feed. А уште поголем дел, особено вицотека исл ги читам директно на најди. Шо праиме сеа?

Развигор said...

Таргет, според нејзиниот Сајт-митер, Етна во декември 2005 г. имала под 500 посети, а во јануари 2006 г. е стигната до 1300, па не се квалификува за анализата од овој пост.

Развигор said...

Дарко, идејата за вклучување на како едно од средствата за анализа ти е одлична.

И јас ја имам предвид несовршеноста, а и несеопфатноста на бројачи како „Сајт митер“ во врска со фидовите, но мислам дека е корисно средство за добивање претстава за трендови.

Развигор said...

Од непознати причини линкот во претходниот пост продолжува до крај на постот, иако го затворив тагот на крајот на првиот збор. Изгледа е некое мало багче, пробав неколку пати и со привју и не се опраи, па иако е неубаво, ќе го оставам како што е.

Развигор said...

Доколку можам, на крајот на месецот ќе ја направам истата анализа и тоа преку три графикони
1. за блогови што некогаш имаат постигнато над 3000 посети (горенаведениот)
2. за блогови чиј максимален број на посети бил меѓу 1000 и 3000
3. интересни блогови кои досега не надминале 1000 посети месечно.

Доколку сакате да предложите блогови кои би требало да бидат обработени, оставете коментар со линк до нив.