Блекаут

12 August 2006

Војсководци за и од кои не учиме

Учениците на балканските историски школи обично патат од етноцентричност, но исто така и од пристрасност во однос на таканаречените „западна“ (денес начелно христијанска) и „ориентална“ (денес начелно исламска) цивилизација, при што прва аксиома е дека тие две се сосем различни, одвоени и непријателски.

Затоа, дури и оние кои се интересираат за историја, кај нас имаат многу можности да дознаат повеќе информации за „западните“ историски личности, како Агаменмнон, Перикле, Филип, Александар, Цезар, Август, Клавдиј, Константин, Јустинијан (и другите римски цареви), Карло, Самоил, Душан, Марко... Наспроти „источните“ Кир, Ксеркс, Дарие, Пор, Чандрагупта, Сун Цу, Лиу Б/Панг, Мухамед, Умаја, Атила, Џингис Кан, Саладин - царевите и војсководците на Персија, Партија, Индија, Кина, Арабија, Монголија и особено Отоманското царство Турците Селџуци и Османлии.

Како посебно интересни ги издвојувам двата султани: Мехмед II Освојувачот (на Константинопол) (1432-1481) и Сулејман Величествениот (1494-1566), кои не само што биле меѓу најзначајните личности на светот во вековите во кои живееле, туку и ја воделе „државната заедница“ во која живееле нашите директни предци.

Како вовед за првиот, го препорачувам написот за меѓусебното љубопитство меѓу Венецијанците и Османлиите (Venetians and Turks: A mutual curiosity) изразено преку културна размена на уметнички дела:
Венецијанците развиле психотичка љубопитност во врска со „другата страна“. На почетокот, знаењето било мало. Недостатокот на информации, секој поасолен политичар ќе ви признае, се надополнува со измислување.
Сликата и медалот се дело на Џентиле Бенили, венецијански сликар кој бил пратен кај Мехмед 1478 година, на негово барање, за да наслика квалитетен портрет, наспроти скоро карикатуралните претставувања кои цирклулирале низ Европа пред тоа.

No comments: