Блекаут

11 August 2006

Камелеончиња се множат, кога имаат простор

Еден Британец кој си чува малечки камелеони како домашни миленичиња успеал од едно парење да одгледа дури 55 живи потомци (Mama Chameleon). Написот дополнително известува дека камелеоните биле многу територијални животни и не се трпат многу меѓу себе, освен кога се ептен малечки или кога се спремни за парење.

Претпоставувам дека камелеончињава што ги фотографирав во Сиди Бусаид им е ептен неудобно. Ги чуваат за да им наплаќаат фотографирање на туристите со некое од нив на рака.

1 comment:

Горан Андреев said...

Интересни гуштери. :)