Изутринава на Скај нет имаше емисија посветена на годишнината од раѓањето на царот Јустинијан I (482-565), кој во Македонија е претежно познат поради теоријата дека потекнува од скопското село Таор и поради тоа тука во околината го изградил градот Јустинијана Прима која била религиозен центар, а и дека неговото име го носи еден правен факултет во Скопје.
A во животот на Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus има материјал кој филмот за Александар III на Оливер Стоун може да го направи да изгледа како емисија за мали деца. Иако голем дел од сочните детали се премолчени во написот за него на македонската Википедија, само мало загребување под површината, на пр. преку англиската верзија или читање на Прокопиј, открива живописен, револуционерен, контроверзен живот од епски размер:
- Провинцијалец во најголемиот град на светот, американскиот сон за детето чиј вујко бил буџа, па цар.
- Спротивставувањето на традиционалниот морал со женачката со плебејка, па уште симбол на низок морал - актерка, дури и куртизана Теодора - која подоцна е прогласена за светица.
- Ширењето религиозна нетолеранција, инквизиторското „искоренување“ на паганството и ересите низ царството.
- Средувањето на бунтот Ника, спротивставувањето на војската под водство на Велизар на толпите хулигански навивачи - византиска верзија на Аркан.
- Разноразните војни и освојувања за возобновување на севкупноста на Римското царство, борбата со чумата (негова, преживеал), ракот (на љубената Теодора, која починала).
No comments:
Post a Comment