Блекаут

31 May 2008

Македонија (со целосен копирајт) засекогаш!?

Од Панта реи дознав за линкот кон проектот Македонија засекогаш, преку кој може да се симнат нови верзии на македонски народни песни. Арно ама, долу на страницата стои „Агенција за млади и спорт, сите права задржани“. Како што веќе имам напоменато...
Тоа „сите“ значи и правото на симнување, изведување и дистрибуција. Значи, иако се ставени на располагање, нашиот закон (ПДФ) пропишува дека граѓаните што ќе бидат „фатени“ да ги поседуваат овие датотеки може прекршочно да одговараат - доколку не покажат документ со дозвола да ги користат или дистрибуираат потпишан од сопствениците на авторски права.
Без употреба на соодветна правна рамка од страна на носителите на авторските права со која јасно се укажува неисклучиво пренесување на дел од авторските права, како на пр. Криејтив комонс, ова значи дека ако ги симнете тие дела и ги споделувате, може да бидете сметани за криминалци.

Дополнително, со оглед на тоа што проектов е направен со државни пари, најдобро би било Агенцијата наместо целосно да ги задржува, целосно да ги пренесе авторските права на граѓаните, односно да ги означи сите производи произлезени од него како јавна сопственост или во јавен домен (Public domain).

Било која од варијантите да ја одберат, Македонија ќе стекне дополнителна промоција во светот, оти веста за ваквиот избор и потег сигурно ќе се прошири низ мрежата на Криејтив комонс и другите движења поврзани со промовирање на слободната култура.

2 comments:

GoodBytes said...

Се' што е продуцирано од државната и општинската администрација мора да биде исклучиво во public domain, со обзир дека тие се „фирма“ која ние, граѓаните, ја плаќаме за да работи за нас. Пример за вакво законско решение е САД.

Единствен компромис кој е можен по ова прашање е „CC BY“, односно да се задржи обврската да се наведе дека авторот е Република Македонија. Ова само од аспект на промоција на нашата држава, секако.

Anonymous said...

Зарем мислиш дека некој од „надлежните“ ќе те разбере што им предлагаш?