Блекаут

21 May 2008

Индијана Џонс повторно јава

Барт Симпсон во улогата на Индијана Џонс

На Археолошки дневник има напис во врска со кристалните черепи кои се појавуваат во новиот филм со Индијана Џонс. За повеќе информации, имаше и една книга од Артур Кларк на времето, ама мислам дека во неа демаскирањето не беше експлицитно. Иако филмот сеуште не е излезен, од извори блиски на Спилберг едно е јасно: дејствието нема да се одвива во Криволак.

Во секој случај, цитатите од првиот филм (а втора епизода) се неодоливи, како и класичните игри за Инди:

[Army Intelligence officer describing Indiana Jones]
Major Eaton: Professor of archeology, expert on the occult, and how does one say it? Obtainer of rare antiquities.

--

Marion: You're not the man I knew ten years ago.
Indiana: It's not the years, honey, it's the mileage.

1 comment:

GoodBytes said...

Книгата од Артур Кларк која ја посочуваш е Мистериозен свет.

А на Мерион може да и' се прости кукањето, со обзир дека кога се жалеше од Инди, беше прилично наракијана. :-)

Еве уште еден цитат од Арката:

Maj. Eaton: [sees a picture of the Ark with rays of power coming out of it] Good God!
Brody: Yes, that's what the Hebrews thought.