Блогер.ком конечно ми овозможи преселба и на старите блогови (Развигор на англиски, овој и Сајт на денот) на новата верзија. Претходно таа можност беше одложувана од некакви технички причини. Јее! :-)
Прослава со убавиот спот од Молоко: „Фамилијар филинг“.
8 comments:
Ај честито преселба :)
А темава е многу добра ;)
Мене ми дава копче за префрлање, ама ако одам на него, ми вели дека не може да ме префрли. Оваа страна со објаснување, „Why can't I switch to the new version of Blogger?“, вели дека тоа е затоа што имам некој блог со многу постови. Таков ми е Panta Rei, кој има над 1500 постови. Исто и Macedonian Folk Songs со речиси 500 постови. Мислам дека ме казнуваат бидејќи дузина блогови со илјадници постови значи дека јас сум манијакален блогер. :-)
Јас иначе имам еден тест блог на новата Blogger платформа и познати ми се подобрувањата. На Panta Rei најмногу ме нервира времето на чекање за „republish“ ако менувам нешто во дизајнот (на пример, ако додавам линк до нов сајт).
ај честито...
и моите блогови на блогер завчера транзитираа. сеа јанѕа ме јаде зш македонскиот бајкобиограф го префрлив на блог.ком.мк...
туку, види нешто линковите ти се збркале... и, среќна Нова година
Фала Оксиморон. :-)
Гудбајтс, веројатно набрзо ќе дојдат на ред и твоите, оти и јас чекав доста време од исти причини. На македонскиот „Развигор“ има околу петсто и кусур поста.
Бајкобиограф, вистина нешто енкодингот на некои делови од блогот е збунет, такви излегоа по конверзијата.
Препорачувам ако правите премин прво на страна да ги снимите старите темплејти во посебни фајлови.
Пред да се даде „амин“ Блогер.ком вели дека ќе го зачува стариот темплејт, ама и нему му беше сменет енкодингот.
Честито Филип.
Еве од денес и мојот блог на блогер.ком е по новиот терк. Па ќе видиме како ќе го уредиме.
Поздрав и со успех. :)
Милозвучна_солза
Post a Comment