Блекаут

09 January 2007

Оваа година за Водици место телевизор - компјутер

Го повторувам повикот од минатата година:
Предлагам од оваа година за христијанскиот празник Водици, главна награда за човекот што ќе го извади крстот од водата, наместо телевизор да биде компјутер.

Не ми е познато каков модел на „традиционален“ телевизор се доделуваше досега. И да има разлика во цената, мислам дека ќе биде оправдана со силината на позитивната порака што МПЦ ќе ја прати до верниците, домашната и светската јавност - дека се работи за црква што го цени знаењето, демократијата и припаѓа на 21 век.

Нема потреба дополнително да се аргументира, но добро е да се наброи дека ТВ-приемникот е средство за
  • еднонасочна комуникација,
  • контролирана од центри на моќ
  • поттикнува пасивност, униформност и конформизам,
наспроти компјутерот, кој нуди и
  • моќ за креирање,
  • размена и споделување на информации,
  • поттикнувајќи интерАктивност и самостојното размислување.
За жал, чув дека новина годинава е дека тие што скокаат треба да купат „Вечер“ за да исечат купон за учество од него.

1 comment:

Gjole said...

Дали ти развигоре мислиш дека некој што е спремен да се фрли по крст во Вардар би користел компјутер? :-) ...мене баш тој ментален склоп не ми оди со компјутер... :-)

...али во секој случај во право си за позитивната порака што би се пренела на тој начин!