Блекаут

27 January 2007

Доцнења на Сајт-митерот и што со нив

Во дискусијата на постот „Како до над 10.000 посети на ваша веб-страница во еден ден (студија на случај)“, авторот на блогот „Бет едвајс“ укажа дека од време на време неговиот бројач се однесува чудно, односно доцни со приказот. Во меѓувреме има објавено пост за проблемите со Сајт-митерот, во кој ја пренесува преписката со претставници на сервисот.

Сајт-митер користи повеќе сервери, што се гледа и од структурата на логинот. На пример, на Развигор е s14razvigormk, а на Бет едвајс s27betadvice. Едниот го користи четиринаесеттиот, а другиот дваесет и седмиот.

Причината за „лагот“ било тоа што некои од сајтовите од истиот сервер ја преоптеретувале машината. Предложено решение - отворање нов акаунт, на некој од понеоптеретените сервери.

3 comments:

Bunka said...

Kaj mene kasni dva dena. Fala za infoto.

Arheoblog said...

Бројачот на посети доцни и кај мене (дури и сега во моментов), но не гледам причина да отварам нов акаунт се додека е овој колку толку употреблив.

Но фино е да се знае за информацијава. :)

Милозвучна_солза

betadvice said...

Од пред нешто повеќе од 24часа, мојот бројач повторно функционира нормално.