Предноста на отвореноста на Хронологијата на македонската блогосфера е што се јавија многу луѓе со дополнителни информации и исправки. Една од најважните е фактот дека Ројалгрл блогираше уште од 2002 година.
Тоа мене, како претставник на „генерацијата 2003“ хронолошки од второ ме носи на трето место, ама како што рекол Аристотел: „Мил ми е Платон, ама помила ми е вистината“. ;-)
8 comments:
туку, знаеш што открив?
дека сум блогер уште пред да знам дека сум блогер. namely, во 2004 се зачленив во една глобална мрежа на активисти наречена Taking it global; како дел од мојот акаунт, сум постирал еден пост уште на 3 март 2004... после тоа, се навратив уште еднаш лани во април, и после во мај нАли стартуваше iacovibus.
Линкот до блогот
http://milan888.tigblog.org/
Нема ништо подобро од колкетивно креирање на содржина. Навистина ова е многу бав доказ.
еден ден кога повеќе луѓе ќе го сфатат тоа, светот ќе стане поубаво место за живеење.
А јас со оваа изјава ќе се пријавам за избор на МИСС :))
And, of course,
WORLD PEACE :D
хе хе, не си морал ни да ме ставаш официјално, јас тоа го спомнав во "BTW.." контекст. И добро викаш, квази блог е...т.е. беше.
Фелипе, ти како алумни од ПМФ-ИИ, мислам треба да се сетиш и на некои почетоци на web-logging уште во тоа време... (robig, eon :) знам Вангел и Нане имаа свој сајт, мислам дека постоеше и некоја хронологија. Мојот сајт со планинарски фотки беше нешто слично, тераше еден временски период од 98-2000...
Мислам дека добра референца за ова може да се најде, доколку сеуште постои, на www.org.mk.. некои од таму каталогизираните сајтови сигурно спаѓаат во оваа категорија.
Зборам значи за времиња (и медиуми) пред Blogger и blog.com.mk.
Здраво Томе. Таквите активности ќе бидат опфатени со идните хронологии за развојот на е-издаваштвото и општо интернет во Македонија. :-)
Интересна временска скала. Мене сеуште ме нема(никој не ме пријавил). А мислев дека сум популарен и заслужувам место. :(
Анонимусе, проблемот на твојата невидливост е разработен во постот за блогерски аксиоми наспроти цензурата, со кој се објаснува дека ако коментираш, подобро е да коментираш на свој блог, со линкови до тоа што го коментираш.
Исто и .аНТИ има пишувано на оваа тема, за некредибилитетот што го имаат анонимците, разгледај по блогот негов постови на таа тема.
Post a Comment