Си седам јас така мадро,
промовирам социјално вмрежување, кога гледам на блогов нешто му се зголемила посетеноста поради линкови кај
Рибаро,
Археолошки дневник и
Макондо. Тоа да ти било една направија научена од Хрватска, наречена штафета. Како што вели
Лорин:
Првиот блогер пишува 5 работи за него кои до сега не ги кажал на блог. Значи нешто што никој не знае за него, или тој мисли дека не знаат. :)
Потоа наведува во неговата листа 5 други блогери на кои им ја пренесува штафетата. И така секој кој ќе се најде на листата пишува пост со 5 работи за него, наведува 5 други блогери...
Дарко ко и обично го најде оригиналот, но нема врска.
Спам не е, секој си пишува кај себе, а поканетите дознаваат за ова преку трекбек или како кој стигне. Не е обврзно ни нападно. А поттикнува меѓусебно линкување, што е прогресивно и
наспроти плимата. Е а јас тоа го поддржувам! Еве ги моите пет по пет:
- Во кујна: сакам сецкање, освен кога се во прашање марула и зелка. Рендање на било која состојка за рецепт не ми прави кеиф.
- Не апстинирам од алкохол, сакам флуиди и флуидности, но еднаш намерно немав испиено ни капка со исклучок на едно бонбонче со ликер скоро цела година. Или повеќе...
- Колку помалце доцнам на состаноци, толку сум порасеан за други работи.
- Мразам дури и на филм да гледам како некој се посрамотува, особено во ситуација кога знам дека ќе каже или направи нешто што ќе „го закопа“.
- Да! ми е омилен одговор. :-)
Ги поканувам:
Јован,
.аНТИ,
Ројалгрл,
Букаро и
Луцидна.
No comments:
Post a Comment