„Ниедна теорија, ниеден готов систем, ниедна книга што е напишана нема да го спаси светот. Не се приклонувам кон ниеден систем. Јас сум вистински истражувач.“ - Михаил БакуњинДодека извесен Игорче, во својата рецензија на претставата „Купидона“ го цитира Грег Грифин...
... еден од најлуцидните панк-рок текстописци: „Не верувам на самобендисаните луѓе кои што попуваат, ниту една песна (филм, книга, драма...) не може да ви го направи животот комплетен...“, па препорачувам да ја погледате претставата и да одлучите со своја глава - што е и всушност основната панк идеја.Не е лошо за споредба. Како што веќе имам кажано, панкот има допирни точки со блогерството, а и анархизмот како идеологија доживеа еден вид препород благодарение на интернет.
Не би било лошо .аНТИ ваквите цитати да ги копира и во посебни постови, за потребите на длабинско линкување, со обновување на фељтонот со биографски белешки за значајни, но не многу познати личности од историјата. Бакуњин (1814-1876), на пример, никој ми го нема споменато во текот на моето основно и средно образование, за кое главен настан на 19 век беше Берлинскиот конгрес, додека случувањата надвор од Балканот не беа баш приоритет.
Претставата не сум ја гледал, па не можам да се согласам или да го оспорам мислењето на Николче. Но можам да ги поздравам сите кои се чувствуваат како панкери или оние кои би сакале да искешираат на панкот со песната „Анархија ол овер Баш Чаршија“ од Забрањено Пушење!
No comments:
Post a Comment