Се збори по народ, а јас за тоа моментално немам сигурни докази, дека многу од новата преведена продукција на македонски јазик не е преведувана од оригиналот, туку од преводите на српски (хрватски или босански).
Ова можеби се должи и на уверувањето кај многумина дека го знаат српскиот јазик, поради тоа што воглавно разбираат кога некој друг го користи. Арно ама, „мислити и знати и цвеће брати није исто“.
Ваквите луѓе често недоволно добро го познаваат и македонскиот јазик, па не можат да направат разлика меѓу српските и македонски посебности. Резултат е често користење на српски граматички конструкции и особено, буквални преводи на идиоми, фрази и термини кои врска немаат со македонскиот јазик.
Ваков дилентантизам е причина зошто иако сум голем љубител на стрипот, после два броја престанав да ги купувам македонските изданија на „Марти Мистерија“ и „Дилан Дог“.
На пример, во вториот број на ММ, се раскажува дека Стоунхенџ се наоѓа „во близина на Солзберија“, наместо „во близина на Солзбери“. Тоа „Солзберија“ доаѓа од локативната форма на зборот кој и во српскиот јазик во номинатив е Солзбери („у близини Солзберија“). За жал, кога ќе се комбинираат незнаење на граматика, поточно на падежи, со недостаток на општа култура, испаѓаат трагикомични резултати кои го искривоколчуваат јазикот.
7 comments:
“Стадион је дупке пун, драги гледаоци!“ еднаш беше преведено како “Стадионот е полн со дупки, драги гледачи!“
Филип, не постои босански јазик - бошњачки се вика јазикот.
Напротив, јазикот се вика босански, а не бошњачки!!!
титл на филм на сител:
„first hand experience" -> „искуство на првата рака“
Инаку муабетов го правевме одмана, а во меѓувреме и ја пренесов на издавачот оваа забелешка, но не знам дали е нешто направено околу тоа...
За жал или среќа ги имам автостоперските водичи и британиката кои се полни со лоши примери на истиот концепт (превод од српски).
Dobrodošli na Wikipediju na bosanskom jeziku!
затоа Развигор јас или го читам ММ на српски или не...за жал ни преводите на книгите не се подобри, а за текстовите по часописите каде постојат наводни лектори и да не зборуваме...
„Салзберија“ е генитивна форма од „Салзбери“, не локативна. Коментарите се на место, проникливи и издржани, ама не треба да се навлегува во недоволно познати работи.
Post a Comment