Блекаут

09 April 2006

Каматите не се важни, според Дом и дизајн

Во моментов (12:15) на „Канал 5“ сеуште тече емисијата „Дом и дизајн“ чија цел е рекламирање на производи на фирмата „Бујото“, што се врши и преку реклами и преку поттикнување на гостите да станат своевидни промотори, кои со свои изјави ќе ги поткрепат ставовите изнесени преку нив.

Голем впечаток ми остави како водителката пред неколку минути ги пресече членовите на групата Нокаут. Имено, водителката зборуваше за тоа како некои решенија на спонзорот може да се добијат на рати и слично, кога еден од нив праша „а каматата?“. Водителката веднаш реагираше:
Па што е важна каматата!
...и почна нешто алудира како тоа е тема за која воопшто не треба да се зборува, создавајќи впечаток како да е непристојно што воопшто се спомена тоа, со што ем ги замолче соговорниците, ем тотално избегна да ја информира јавноста за реалните услови на купување на рекламираните производи.

No comments: