...невидена убавина на развојот на ембрионот е во тоа што е потполно децентрализиран процес, а тоа е факт што луѓето многу тешко го сфаќаат. Бидејќи секоја клетка во телото носи комплетна копија на геномот; ниедна од нив нема потреба за инструкции кои доаѓаато од управата; секоја клетка може да дејствува на основа на сопствената информација и сигналот кој го добива од соседите. Ние не го организираме општеството на тој начин: опседнати сме со извлекување на што е можно поголем број одлуки од центарот што го држат владите. Можеби би требало да се обидеме..аНТИ ја поткрепува тезата цитирајќи го горенаведниот дел од книгата „Геном – автобиографија на видот во 23 поглавја“ од Мет Ридли, но единствена заедничка карактеристика е децентрализираноста.
Точно е дека кај клетките нема тоталитарна контрола („од горе надолу“), но има интерна контрола („секој себеси“) врз база на множество правила дадени од надвор, односно предците, од минатото. Во анархизмот, примарно е правото на личен избор: индивидуата свесно се согласува на неколку основни принципи, а потоа сите одлуки ги носи самата, внимавајќи да не се косат со принципите.
Клетките немаат избор. Го прават тоа што е предодредено од местото на кое што се нашле. Промени има само ако случајно се најдат со променети инструкции – мутации на генетскиот код, кои најчесто се фатални – причина за спороста на еволутивните процеси. Погоре опишаниот процес не е анархизам, туку фундаментализам.
Фундаменталисти започнуваат со множество (фундаментални, темелни, основни) инструкции и се обидуваат да ги применат за преобликување на општеството за тоа да стане што поблиско до нивниот идеал. Во текот на историјата, најзастапен тип на фундаментализам е религиозниот, а основните инструкции се добиваат од предците во форма на „свети книги“ – Веди, Стар и Нов Завет, Тора, Коран, Хадиси...
Бидејќи не се работи за клетки, туку за луѓе, ефектите зависат и од тоа како приврзаниците ги интерпретираат упатствата од минатото или од некои, барем во почетокот, централизирано поставени авторитети - пророци. Потоа може да дојде до децентрализација (прво преку мултиполарност – католицизам и православие, суни и шиити), потоа и до јасни мутации (секти – будисти, богумили, протестанти, бекташи), од кои некои преживуваат и понекаде стануваат доминантни, некои изумираат (гностици, еретици), а некои опстојуваат преку насилство (екстремисти, терористи од типот на ал Каеда).
No comments:
Post a Comment