Блекаут

01 April 2006

Кога не можеш по цигарите, удри по цедеата?

Додека „државата губи контрола - шверцот на цигари цвета по пазарите“ (Дневник, 26.3.2006) властите сепак успеале да „заробат“ милион празни цедеа (Вест, 31.3.2006), како превентива на пиратеријата, оти:

Македонската влада доби забелешки од ЕУ за високото ниво на пиратерија. Пред неколки месеци, претставници на Унијата спиеле во хотелот покрај Камен мост, а карши нив, покрај мостот, си купиле пиратски снимени материјали од дисковите распослани на неколку маси на склопување. После никој од Владата не можел да ги убеди дека се бориме за заштита на авторски права.

Изгледа претставниците на Унијата се погодиле непушачи. Среќа, можеа да нè опоменат и за видот на пиратерија што носи и повеќе од „над 1.000 евра дневен ќар“. Целата „ренесанса на шверцот“ со цигари е секако, надвор од јуристикција на, да се послужам со изразот на покојниот Даниел Михајловски, „багерот на Баге“. Но, можеби тоа ќе може да се надокнади со запленување празни листови хартија, кои може да се употребат за нарушување на авторските права со фотокопирање?

No comments: