Гледам дека и на огласот што оди во весник целосно на латиница, напишале дека премиерата е на „7. април“ - таа точката е излишна. Инаку, според македонскиот правопис, за разлика од англискиот имињата на месеци и денови во неделата во сред реченица се пишуваат со мала буква.
PS
За оние што не знаат, доколку има три или повеќе слогови, акцентот треба да паѓа на третиот слог, броејќи од десно кон лево.
PPS
Сликава ја земав од Иди види и на неа е друг дизајн од тој во весник.
2 comments:
Не би рекла дека е вишок точката на 7. Ако веќе одиме во детаљи. Во принцип, на македонски треба да се напише 7-ми април, инаку точката позади број во меѓународно признаена и препознатлива интерпункција означува реден број - ординалија, значи 7-ми. Најгрешно ќе е ако се остави седумакат без ништо позади неа, а треба да означува датум. Не гледам дека користењето на интерпункција по такви стандарди го загрозува македонскиот. И акцентот не е толку трагичен. Најстрашната негативна интерференција се јавува во синтаксата, иако семантичката е повидлива од неа. Ама за тоа во некоја друга пригода.
За акцентот, си знаеш
тоа така у скопје се вели.
Дијалект со погрешен акцент кој по секоја цена доминира над литературниот јазик само поради „кулнес“.
Post a Comment