Рекламата за Ситроен Ц4 нè учи дека треба да ја купиме таа кола за да станеме „крал во урбаната џунгла“. При тоа, ни ги покажува пешаците како животни, луѓе со животински глави, на кои на крај протагонистот им се смее.
Поживотинувањето е една од методите за понижување и ширење омраза кон другите луѓе. Особено е неправедна кон животните, припадници на други видови.
Други такви тактики се укажување дека другите се како деца (неспособни за живот без „заштита“)... или како жени (кастрирани, или пасивни партнери при секс).
Има еден есеј од американскиот постмодернистички филозоф Ричард Рорти (Richard Rorty) што една по една ги објаснува овие појави, ќе се обидам да го најдам наскоро.
1 comment:
Кога се рекламите во прашање тука се’ е дозволено. Барем така тоа го сфаќаат нивните кретори. Никој не мисли дали се’ тоа е хумано или пак недај боже некого потценува/навредува. Само пара е во прашање.
Што се однесува до софтверот (принципот на изработката на рекламите од типот на таа со Цитроенот кога танцува)... Ако некој го има изворот на истиот - нека го посочи. Имам интересна идеа за правење нешто во врска со блогерите. Нема да биде навредливо за никого. ;)
Post a Comment