Блекаут

21 April 2006

Рекламократија: Критиките и сомнежите ја попречуваат твојата среќа

Не се согласувам со оценката на Оксиморон, искажана во вид на коментар на постот на Би Марке-фак-т-инг:
Коа сме веќе кај рекламите, мене ептен ми се бендисува онаа за гранде пунто - затвори ги очите и погледни во себе... ќе видиш дека ограничувањата постојат само во нас самите... скрши ги... и стаклените ѕидови... а во позадина Ени Ленокс со легендарната тема...
Текстовите на стаклените ѕидови се:
  • „Критики?“
  • „Предрасуди“
  • „Сомнежи“
  • „Ограничувања?“
Значи, критиката и сомнежот - основните елементи и на научниот поглед на свет и на демократијата, се непожелни пречки на патот кон успехот и среќата, на исто ниво со предрасудите и ограничувањата.

А и Ени Ленокс не ја пее „Свит дримс“ во рекламата, туку некое длабокогласно мажиште, петнаесет години после верзијата на Мизар.

5 comments:

Anonymous said...

Sinoca pishav komentar na postov, a sea gleam go nema...sho e rabotava?!

Развигор said...

Не знам батка, јас не сум ти го видел коментарот, оти не сум го ѕиркал блогов од вчера попладне. Стави го кај тебе на блог со линк навака, посигурно е.

Инаку подесено е коментарите да не се модерирани, односно да се појавуваат јавно штом авторот ги напише.

Anonymous said...

Ок. Не знам шо бидна и зош го нема, ама еве, отприлика беше ова:

Секој си ја перцептира рекламата на различен начин. Пораката за кршење на критиките, сомнежот, предрасудите и ограничувањата ја сфаќам како порака да се делува дури и кога те критикуваат, се сомневаат во тебе, имаат предрасуди и те ограничуваат. Како порака да не се подлегне на разочарувањето како емоција предизвикана од посочените карактеристики. Ако погледне човек во себе ќе види што навистина сака и ќе делува според тоа, без оглед на надворешните влијанија и ограничувања во вид на критики, сомнежи и предрасуди.
А за музиката прав си. Навистина е бледа копија на темата од Јуритмикс и Ени Ленокс. Ама, јас имам една листа од омилени стари песни кои често си ги слушам, па дури и кога ќе слушнам нивна ретуширана верзија, ми се допаѓа. :) Инексес, РЕМ, Џорџ Мајкл, Тина Тарнер, Ваја кон Диос, БиЏис, Браун, Том Џонс ...... песни кои и покрај сите преработки, во себе ја носат суштината на оригиналната тема.

Мене посочената реклама ми се допаѓа, без оглед дали им се допаѓа и на другите. Не може на сите да им се допаѓаат исти нешта, нели? А, за вкусовите не се дискутира.
И, не ми мешај наука, политика, граматика, контекст .... секоја слика погледната од друг агол остава поинаков впечаток.

Поздрав Развигор :)

Развигор said...

Слободно нека ти се допаѓа рекламата или било што друго. :-) Јас мислам дека за вкусовите треба да се дискутира, без осудување доколку се наиде на различности.

Впрочем, мислам дека никој нема право на монопол на „вистината“, па јас и голем број од моите блиски луѓе за многу нешта имаме прилично различни, па и „спротивни“ ставови. :-)

Darko156 said...

Момци не знам дали ви се допаѓа или не рекламата ама очигледно секој може да си ја толкува онака како што сака.

Сепак ќе си земам дозвола да се обидам да ја објаснам вистинската причина на ваквите пораки за оваа реклама (можеби ќе бидам предолг, извинете)

Фиат досега на ужива којзнае колкава популарност и имиџ на квалитетна кола, која има квалитетна каросерија, подвозје, материјали, возни својства и удобност. Истиот тој фиат е во фаза на пропаѓање а ова му се очајничките потези кои ако не му успеат ќе мора да си ја бара судбината на друго место. grande punto е тој очајнички потег во кој фиат вложи се што знае и има, па дури и повеќе од тоа.

Колата имав прилика да ја возам и морам да ви кажам навистина не наликува на фиат, туку на погерманска кола од сите германски коли, тоа би значело, квалитетни материјали во внатрешноста, удобност, комфор, квалитетна завршна обработка, добро подвојзе.

Не се секирајте сега возам фиат секој ден, а сум возел и многу други коли. оттаму знам да споредам, колку толку :)

Е сеа за рекламата: скрши ги сите сомнежи, „Критики?“ „Предрасуди“ „Сомнежи“ „Ограничувања?“ аплицирајте на ова што ви го пишав погоре.

Фиат сака да изгради нов имиџ, кој дефинитивно му доликува судејќи според колата која ја направиле, но прво треба да им го соопшто тоа на луѓето, во спротивно секој ќе си помисли дека ова е само уште еден фиат и нема ни да помисли на него.

патем целава приказна се базира на двегодишен близок контакт со автоиндустријата и нема намера да рекламира фиат. :)