До секој член на листата додадени се по две ознаки - за качување ↑, симнување ↓, непроменета позиција ↔ или нов блог ○. Првата е релативна, во однос на позицијата на оваа листа на македонски блогови, а втората (во заграда) се однесува на апсолутниот рејтинг на Технорати.
- .аНТИблог - 32,790 ↔ (↑)
- Панта реи - 44,196 ↑ (↑)
- Комуникации - 45,414 ↑ (↑)
- Јован - 52,459 ↓ (↓)
Моби - 52,459 ↔ (↑) - Букаро - 68,092 ↓ (↓)
- Горан Андреев - 78,877 ↓ (↓)
- Би - 82,112 ↓ (↑)
- Скопски времиња - 112,180 ↑ (↑)
Тетово онлајн - 112,180 ○ (○) - Фотографик дајери - 124,437 ↑ (↑)
- Веб-сајт на денот - 147,630 ↓ (↓)
M-соулз - 147,630 ↓ (↑) - Развигор - 157,081 ↓ (↓)
- Диџеј - 167,535 ↓ (↑)
- Софтвер (МКД) - 192,096 ↓ (↓)
- Будна правда - 241,771 ↓ (↑)
- Доменика ворлд - 1,163,026 ↓ (↓)
Другата у ја - 1,163,026 ↓ (↓)
Зомбификација - 1,163,026 ↓ (↓)
Калина - 1,163,026 ↓ (↓)
Макондо - 1,163,026 ↓ (↓)
Сваштаријата на Чале - 1,163,026 ↓ (↓)
Талент-фри - 1,163,026 ↓ (↓)
16 comments:
Шо бе на осмо?! Ќе ве стигнам! :)))
Комуникации треба да биде на второ место пред Panta Rei. Мене ме линкаат 50 сајта, а Дарко 53.
Гудбајтс, цело време се менува рејтингот на Технорати, и на другите сега во моментов им е сменет. Листата ја одразува состојбата во моментот кога сум ја правел.
Радо би ја освежувал евиденцијата почесто, кога би знаел дека и на повеќе други луѓе им значи. Со оглед на тоа што ретко кој--со исклучок на .аНТИ--става постови со линкови до неа, си ја праам за своја душа и кога си наоѓам слободно време.
ОК. Не ми беше цел да и' барам грешки на листата (ми беше јасно дека не е од денес), туку чесно да си кажам дека во моментов му го држам местото на Дарко. Нема везе, ако Дарко не се лути. ;-)
Инаку, постабилна вредност е бројот на сајтови кои линкаат до некој сајт, отколку моменталната позиција на Технорати. Сакам да кажам, можеш да имаш ист број сајтови кои те линкаат, а твојот реден број на Технорати да оди нагоре или надолу.
Не знам дали Технорати има некаков API за читање на овие броеви (праќаш адреса на блогот, ти враќа ранг). Ако има, ќе може многу лесно да се креира автоматска листа која сама ќе се ажурира.
Гудбајтс, од истиот ден се, ама се смениле во меѓувреме.
Добра идеја е ова со бројот на сајтови, а и со автоматизирањето... немам информации за тоа дали Технорати има АПИ за броевите, но вреди да се испита каква е состојбата.
Гудбајтс, Технорати нуди цели библиотеки со АПИ-ја. Бирај аго како ти је драго!
Абе шо мислиш .аНТИ те линка зошто те сака? хихи на прво место е затоа. Тежок фалбаџија и иден капиталист, тоа ми го поскапува просторот за шиткање за рекламици.
мене не ми е јасно, вуна е линкан од катаљон блогови, мене ми вади 0?!
супер си напраив клејм блог, со пост, ама изглеа не паша.
не знам, до блогерај е, а?
Вуна, тоа е затоа што напред си ишишан, а назад не! :-)
Не знам да ти одговорам што е причината што не ти ги брои линковите кон тебе (иако ги покажува). Знам дека сајтот со месеци се жали на high volume of requests и често не ги комплетира страните. Можеби е тоа.
Panta Rei не ми го индексираше неколку месеци, за пред некој ден мистериозно пак да почне да го индексира. Абе, Американци програмери... да ги биваше, немаше од цел свет да вработуваат софтверџии.
Хуа хуа хуа - напред исшишан, назад не, затоа е! Ти реков дека Панта реи све знае, прашај го!
Ја шо мислиш зош сум прв - скроз сум исшишан затоа, удри и ти брич па ќе виш сите ќе не прешишаш.
Одовде можеме да изведеме една дефиниција:
Големината на рејтингот на технорати е обратнопропорционална со количината на коса на твојата глава.
Анти, всушност ова е топ листа на „најсјајни“ глави. :-)
Филип, почнав да чепкам нешто со API функциите, но тешко оди, бидејќи Technorati сервисот е малку нестабилен, па не враќа секогаш разултати назад, најверојатно заради timeout. Ај ќе видиме што ќе испадне, дали ќе успеам да извадам некој употреблив потсетник за шишање.
Ивица, светиш човече! Свети Ивица. :-)
каков сеир сте ми тргнале..
ама свети ивица е боље..
а и листата на светлечки глави :)
Ова е само пријателско подбуцнување, се надевам дека нема да го разберете посериозно. :-)
Инаку, јас успеав да ги искористам API сервисите на Технорати, па од тоа излезе автоматска топ листа. Филип, ми должиш пиво што те спасив од рачно правење на листава. ;-)
Добра работа момци!
Секоја чест на упорноста и несебичната работа.
во следната треба и мене да ме ставиш
Горјан, обрати се кај Гудбајтс, тој ја презема работата со .
Post a Comment