Блекаут

26 April 2006

Одморот е добар за економијата

Пишувајќи на тема „Викенд“, Зоран Андоновски објаснува:
Во почетокот на индустриската револуција во Европа имало шестдневна работна недела и неделата како неработен ден. Дводневниот одмор се должи на борбата за работничките права во 19 и во 20 век.
Парадоксално, но воведувањето на петдневната работна недела значело бум за економијата на земјите што го направиле тоа. Како? Па, не само што работниците биле поодморни и поработливи во понеделникот, туку тие за време на викендот излегувале на забава, трошеле по ресторани, се возеле на излети, а сето тоа носело дополнителен приход во тие нови гранки и нови и нови и нови работни места.
За Македонија да стане развиена туристичка дестинација, таа прво мора да го развие домашниот туризам. Зошто странци би доаѓале таму каде што нема место дури ни за домашните...

2 comments:

Anonymous said...

A ima i obratno. Odmorot e poguben za covekot. Imase edna eksperimentalna varijanta, napravena negde vo amerika negde vo 40-50-60 koga im dadoa na rabotnicite 3-dneven odmor i 4-dnevna rabotna nedela. Nisto strasno, za toa se borime neli? al fintata od ovaa manje vise antropoloska studija na teren bese deka brojot na samoubistvata drasticno (ama: drasticno!) se zgolemi. objasnuvanjeto glasese deka lugjeto ne znaat sto da pravat vo svoeto slobodno vreme, koe isto taka ne e voopsto slobodno i deka im treba struktuirano vreme, demek vreme vo koe ke imaat privid na korisnost. Ja inace licno ne rabotam poise od dva dena u nedela, struktuirano mislam, se' drugo rabotam na licna baza, pa taka ne e deka ne se soglasuvam so postot, nego daj da gi viime drugite alternativi i nivnite posledici :)

Развигор said...

Свиња, не ти верувам, додека не се изјасниш со барем еден директен линк за студијата.