Блекаут

05 April 2006

Рецензија на песната „Дракула“ од Рокери с Мораву

Копањето по наизглед добро познатите предели на популарната култура нуди откривање на нови и често поинакви вистини за потсвесните настојувања за откривање и затскривање на Јаството.

Јунговската и Фројдовската анализа на митолошките слики за вампирот како архетип, односно рефлексија на адолесцентната фасцинација со сексуалноста како појава поврзана со размена или распрскување на телесните течности најчесто е применета на митолошки материјал, без да се земе предвид одразот на праисконските слики во модерната и постмодерната култура, која пред сè мора да се свати како начин и метод на комуникација.

Како што и Мишел Фуко знаеше да нагласи во „Историјата на сексуалноста“, тука пред сè се работи за односи на моќ, додека клатното на неговиот презимењак обработено од Умберто Еко јасно укажа дека за да се добие јасна слика за влијанието на магнетизмот мора да се пропатува низ тајните кои имаат подлабоки корени од топењето на металот. Често, за добивање на покомплетна слика за односите на моќта, неопходно е соочување со сериозноста на хуморот, при што не смее да се занемари неговата улога на одбранбен механизам за соочување со промените во околината, според теоретичарите од натуралистичката школа.

Aвторите покренуваат мултиполарна расправа за односот на Јаството со Другоста, оти Себството на главниот лик Драгиша-Дракула се наоѓа на крстопат и следи комплексна маршрута која несвесно ѝ ја спротиставува на навиката за рационализација и вербализација. Тегобноста на секојдневниот ритам („увек после 24 ха“) е спротивставена со промискуитетниот начин на пристап кон Другоста на жените, кои со прифаќање на (пред)играта како форма на комуникација преку симболична улога на жртва на месојаден ловец ги рушат патријахалните морални норми на балканската филозофија на паланката и афирмираат применетите културни политики со кои модерната се спротивставува на вгнездените парадими.

Активирањето на сетилата преку асоцијации за мрачното балканско минато исполнето со недемократски и тоталитарни тенденции кои во колективната меморија се преобразуваат во џастификации за идните пречекорувања на границите на идентитетската територија на Другиот и на себеси наликува на бескраен лавиринт во кој легендата за крвникот или ослободителот од Трансилванија е само футнота која не мора да води кон одговорот на загатката за излез од лавиринтот на ретроспективноста, во кој митските слики на полуживотинскиот жител--Минотаурот, несудениот животен партнер на Аријадна--се менуваат во однос на социоекономската структура на општеството од сточарски жители на остров-кој е поврзан со светските текови-кон изолирани жители на планински гнезда во предворјето на прататковината на мнозинското (словенско) население на Балканот како културолошки термин кој означува раздробување (балканизација) - Карпатите. Наизменичното менување на радосните и тажни аспекти испреплетено со мултикултурни ритмички и тоновни асоцијации укажува и на испреплетеноста на односот кон Другите како неизбежен елемент.

Незанемарен е и макроекономскиот елемент („социјални има зуби/мање глоѓе, више љуби“), кој во најголема мерка ги дефинира односите на моќ во современието, а кои влијаат не само на непронаоѓањето на крајна форма на идентитет, туку и се одразуваат на менување на модусот на трансформација на контактот од форма на уживање во форма на субверзија.

Транзиционата криза на идентитетот со кој Јаството и Другоста влегуваат во хармонија е одразена и во завршната строфа, која укажува на деконструкција на идентитетите („Драгиша није вампир прави/жене баш воле да их дави“).

ФајлТежина
Rokeri s moravu - Drakula.mp33.35 MB

6 comments:

Anonymous said...

Мојот нов омилен израз ‘џастификации’ - ми лајк ит....

Уш песнава да можев да ја симнам комплетна ќе бев...

.аНТИ said...

Калина, а да научеше некој нов македонски израз. Полни сме со вакви странски зборови.

Anonymous said...

Кај си ги нашол Рокери с Мораву.

Да ова беше мојата омилена група од детството. Имав неколку албуми од нив и тотално бев занесен по нивниот начин на изразување.

Па еве нешто што ми останало:

Процветале келерабе мале, бата сале купи ми пенкале.

Временска прогноза времена: Температура у граду -5 у ладу. Киша ќе и даље да пада ако не престане бре.

Поздрављам сестру Раденку да ми врне оне паре.

Евтино и квалитетно турам целофан на тегле са слатко и затежем, као са гумицу, тако и са ластиќ.


И се си беше убаво додека не ми ги побара еден албумите и откако ги ислуша, ме молеше да му ги продадам. Поради тешкото наоѓање на црниот пазар и нивната голема вредност. Ме жилаеше чоекот, па му ги дадов.

Пари уште ми носи, а ја си останав без Рокери с Мораву, најдобриот сељо-урбан бенд на Балканот.

Развигор said...

Тоа „џастифицирање“ го чув во од едеб од експертите за психологија кои говореа во емисијата Чуму за педофилијата, што ја споменува Жарко. Мислам дека е добар прилог во оваа стилска вежба.

Anonymous said...

.anti a da go procitase tekstot na razvigor pred da i komentiras na kalina? bash od potrebata da nauci ona toa...

Anonymous said...

хехе што ти значи ова рецензирањево бре, права уметност. Колаж. колку различни слики можат да се направат со истите парчиња а? :)))
Страшен ти е постов, ама се си мислам не ти ја сфатија сите поентата, требало да напишеш користена литература или наравоучение:)