Блекаут

23 April 2006

Споредба на перцепции: Македонци и Келти

Како надоврзување на постот за келтските искуства за културна обнова, во кој беше цитиран „Нејшнал џиографик“:
Ова се значи, знаците по кои може да препознаете еден Келт: зборува на древен јазик, малку му треба да се потсети на историски неправди и потешкотии, наоѓа прибежиште во песната и малку е меланхоличен. Понејасно е како маргинализирана култура како што е келтската успеала да преживее, дури и да процвета, во светот којшто сè побргу ги поништува различностите...
Приложувам извадок од вицот за етничките групи на бивша Југославија, еден од најстарите и најчесто цитираните на интернет:
Top ten reasons for being Macedonian:
1. You can call yourself Macedonian and not get killed by a Bulgarian, Greek, Serb or Albanian.
2. Fresh tomatoes, watermelon and tobacco.
3. You can pretend you are a descendant of Alexander the Great and piss off the Greeks.
4. You get to be sad and suffer while listening to folk music.
5. Good relations with your neighbors, especially Greeks and Albanians.
6. American soldiers on your territory.
7. You get to call your country The Former Yugoslav Republic of Macedonia.
8. Fresh tomatoes, watermelon, and tobacco.
9. You can successfully pretend your language is not Bulgarian.
10.Everyone is interested in the stability of your country except your neighbors.
...кој многу кажува за перцепцијата на македонската култура и цивилизација.

Како референца, го препорачувам и „Водичот за етнички и религиозни судири низ целата човечка историја“ (Why the _______s Hate the _______s).

2 comments:

.аНТИ said...

Денис Боувен, сликар по потекло од Јужна Африка (белец) има интересна теза на која ми текнува кога во иста реченица ќе се спомнат Келти и Македонци. Го интервјуирав старецот ко беше во Скопје.
Извини шо ќе пишам ферман, ама во линков многу тешко може да се најде ова:

„Што мислите за културните врски меѓу Истокот и Западот? Може ли да влијае современата уметност во Англија врз уметноста во источноевропските земји?

Ние имаме многу заеднички работи, суштински. Името на континентот е дојдено од Истокот: Европа - тоа е грчко име. Постои една интересна теорија, според која Александар Велики имал силни контакти со Келтите, кои се населиле во некои делови од денешна Велика Британија. Келтите и античките Македонци се здружиле кога Александар Велики сакал да оди во Индија. Тој ги искомбинирал своите и келтските армии. Кога ја направил својата голема империја, некои од Келтите назначил за генерали, а еден дури и за гувернер на Египет. Александар се оженил со ќерката на египетскиот фараон, која се викала Скоута. Возможно е Келтите што живееле на територијата на денешна Шкотска својата земја да ја нарекле според името на Скоута (Шкотска на англиски се вика Скотланд - заб. И.А.).“

Anonymous said...

Оваа идеја за вкрстени линии на цивилизации ниту е нова ниту невозможна,но отвораш Развигор многу интересна тема.

Колку што мене ми е познато ако и би се оствариле контакти помеѓу Истокот и Западот на нашата територија тоа би требало да биде забележано во хрониките од тоа време, или во најмала рака од археолошкиот материјат. Познато ми е дека до тука стигнале Херулите,Готите и Хуните, ама за Келтите...што не значи дека не е возможно...

Сепак етимологијата на некои имиња не нестанува туку така...иако за сега се останува во границите на ,,возможното", додека тоните на археолошки материјали посебно од Скупи, Стоби и некои поважни локалитети не се публикуваат. Непубликувањето на материјал практично не ни дозволува да се тапацираме со информации со кoи би баратале.