Би има ставено пост во слава на „Гоуст ин а шел“ (Ghost in a shell). Би сакал да го свртам вниманието на јавноста и на еден аниме кој кај нас и не баш често споменуван: долгометражниот „Макрос плус“ (Macross Plus).
„Макрос плус“ е дел од франшиза која се состои и од краткометражни телевизиски серии, во чија основа се огромни роботи/вселенски бродови (mecha).
Конкретно овој филм може да се гледа и независно од „универзумот“, оти приказната е општочовечка, општовонземјанска, општовештачкоинтелигенциска. Има тука и прашања за љубов, барање идентитети, ривалство, суета, доминација, смеа и трагедија, а особено има убава музика и песна на крај.
Анимацијата е изработена претежно со „класични“ дводимензионални методи, но изобилува и со прекрасни пејсажи и долги кадри со летање. Објавен е во 1994 година, а по повод десетгодишнината е излезен веб-сајт (Macross Plus Area Seven) на кој има убави слики од филмот и објаснувања на ликовите.
PS
А за „Гоуст ин а шел“ мислам дека е одличен. Особено онаа сцената кога пука роботот по ѕидот, па парченца, звуци итн. :-)
1 comment:
ставено на листа за download :) не знам дали ти текиње, али баш таа сцена од ghost in a shell ја имаше и во спот на wamdue project.. ама неможам да издвојам сцена како ти, сите се од уметнички карактер :)
Post a Comment